23 Април, 2024
0.0333

Даниел Михајловски - Живот на дете без родители, живот на постојан крстопат

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Даниел Михајловски е дете без родители. Своето детство го памети низ ходниците во домот  за деца без родители, потоа во згрижувачко семејство,  а потоа и во детското СОС село. Вели дека се сеќава  на добри и лоши моменти,  и тага и радост и желба да застане на здрави нозе и да го зграби најдоброто од животот- радоста и едукацијата.

“Во текот на мојот животен пат сватив дека е многу важно да се  продолжи со животот и да се бори за да опстане во овој суров свет каде секој секого гази. Имено, сум имал голема среќа што израснав во институција како што е СОС Детско село - Македонија од 2003 година. Претходно во 2001 година  бев сместен во Домот за деца без родители и родителска грижа, но таму беше неподносливо за живо. Бев сместен  и во дом-семејства во Македонски Брод во период 2001-2003 година каде имав пристоен живот”- раскажува Даниел.

Завршил факултет и е на мастер студии, студира паралелно  на втор факултет, но работи како архивар во Министерството за финансии. Вели  за оваа работна позиција е потребно средно образование, но бидејќи мора да заработи за живот и за кирија- секоја шанса е добредојдена. Сепак очекува и се надева на многу повеќе.

“По завршувањето на високото образование се вработив благодарение на Кампањата за вработување на деца без родители и родителска грижа што ја водев медиумски заедно со Силвана Ивановска од СОС Детско село и поддршка од Европска Комисија која вроди со плод. Се вработија над 140 деца од оваа категорија во повеќе државни институции, меѓутоа не донесе трајни решенија, од причина што немаме можност за напредување. Јас сум вработен во Министерство  за финансии, од 2013 година на работно место архивар во Управата за имотно правни работи во Кисела Вода. Оваа позиција е за со средно образование  иако имам завршено високо и паралелно сум на мастер студии и на втор факултет”-додава Даниел.

Апелира институциите да им  дадат можност за напредување на децата без родители, со цел да допринесат  повеќе  за градење на  системот и сами да си обезбедат подобри услови за живот. Повеќето од нив  како што вели живеат под кирија и плаќаат  режиски трошоци. А, тие не се ниски.

Институциите  смета дека работат на овие проблеми и многупати зборуваат дека се води грижа за овие деца, но често истата е декларативна. Некогаш  како што вели поради системски грешки и несоодветни решенија,  од причина што недостасува кадар во институциите за грижа на деца без родители и родителска грижа.

“Вработените во институциите треба да сфатат дека се таму вработени за правилно да се грижат за децата. Сум бил вклучен во проекти за деца без родители, има поддршка за нивна инклузија во системот, но таа не е доволна, има уште доста да се работи. Во однос на едукација, самото дете си одлучува дали ќе студира и каде. Tоа е личен избор на секое дете согласно афинитетите. Вработувањето претставува најголем проблем. Благодарение на кампањата што ја водев се направи Програмa  Д-10 што значи дека секоја година треба да се објавува оглас од Министерство за труд и социјална политика за вработување на минимум 10 деца од оваа категорија, со тоа што понатаму би се прераспределувале во други институции кадешто ќе има потреба. Апелирам до приватниот сектор да вработува деца без родители и родителска грижа по завршувањето на образованието”- нагласува Даниел.

Децата без родители како што раскажува, се наоѓаат пред многу предизвици и дилеми. Нивниот живот е како крстопат на кој зад секој агол демне опасност или има нова животна шанса.Оттука им е потребна посебна грижа, љубов, внимание  и поддршка да го изберат вистинскиот пат.

“Реално многу малку ни останува за живот, а сме се бореле во животот да се дообразуваме за да напредуваме во кариерата. Бараме еднаква можност за напредување во администрација. Родителите  се значајни во воспитниот процес на секое дете. СОС Детско село-Македонија функционира како семејство: Една мајка се грижи за деца во семејна атмосфера. По завршувањето на основното образование го продолжив моето средно образование во Куќата за млади на СОС Детско село каде имав одговорно лице за грижа - едукатор кој ме водеше и насочуваше во понатамошниот живот. По завршувањето на средното образование бев вклучен во Програмата за полунезависно живеење  каде живеев полусамостоен живот со поддршка од СОС Детското село и студирав на Универзитетот за туризам и менаџмент благодарение на стипендијата од Лајонс клуб дистрикт, каде по завршувањето на високото образование се вклучив во активностите на организацијата”- додава Даниел.

Станбеното прашање по завршувањето на државната грижа за овие деца вели не е системски решено и е само  привремено. Па секое дете, се снаоѓа како знае и умее.

“Огласите што ги распишуваа за социјални станови не се доделуваа транспарентно и се во трајност од 5 години. Што потоа? Сметам дека државата треба да продава општествени станови на ранливи категории по пониска цена и на рати,  наместо кирија да можеме да исплаќаме рата за стан кој понатаму би останал за нас. На децата по завршување  на државната грижа им е потребно насочување од стручни лица во однос на што понатаму, нивно вработување и решавање на станбено прашање”- порачува Даниел.

Во 2015 година Даниел Михајловски  бил  избран за иден млад светски лидер од Европската  Комисија во Брисел,  каде се запознал  со високи претставници од ЕУ и ООН. На покана од генералниот  секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун ги претставувал младите во Њујорк на седумдесетото  Генерално Собрание. Иако вели можностите да се вработи надвор и да замине од земјава се реални и големи, сака својата иднина да ја гради дома, бидејќи на своја кожа вистински ја почувствувал вистинската  потреба и значење на смислата за свој дом. Ведар, насмеан и секогаш позитивен се бори  за подобро општество за сите.Порачува дека не е решение  младите да ја  напуштаат  земјата, а институциите  немо да го гледаат тој процес, туку да ја направат земја на реални  можности  кои само ќе треба добро да се препознаат. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза