20 Април, 2024
0.0274

Даночни поттикнувања за македонскиот спорт (I дел)

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Спорт е секоја физичка активност или вештина на човекот, која се изведува под јавно прифатени правила за натпреварување со јасно утврдена цел - постигнување најдобар резултат. Тој значајно влијае врз психофизичкиот развој и претставува универзално средство за разбирање и соработка меѓу луѓето. Заради можностите кои ги нуди спортот: потреба за фер игра и творечка експресија, но и афирмацијата, доминацијата, групната идентификација и колективната комуникација, спортот е исклучително значајна општествена активност. Спортот е значаен и од економски аспект. Тој е еден вид „индустрија“ која вработува, но уште поважно, тој влијае на вкупната продуктивност и на економскиот раст, на промоцијата на државите и на туризмот воопшто.

Сите се радуваме на спортските успеси на нашите репрезентативци, на клубовите и на индивидуалните спортисти. Но, за остварувањето врвни резултати во секој спорт потребни се финансиски средства. 

Можеме ли да им помогнеме и како правните лица да го поддржат македонскиот спорт? 

Законодавството во нашата држава предвидува даночни поттикнувања во случај на донации и спонзорства во спортот, а притоа релевантни и за донаторите и за спонзорите се две различни постапки. Првата постапка е согласно Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности („Службен весник на Република Македонија“, број 47/06, 86/08, 51/2011, 28/14 и 153/15), а втората која претставува и новина во нашиот систем произлегува од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“, бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16 и 98/19). 

Со Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности спортот е дефиниран како јавна дејност. Донацијата дадена за цели од јавен интерес (во конкретниов случај спортот) е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот, а пак спонзорство е доброволна финансиска исплата, давање добра или услуги за конкретен проект и/или активност, кои овозможуваат директна корист на давателот како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството. 
Давател на донација и спонзорство може да биде домашно и странско физичко и правно лице, а примател на донација може да биде домашно правно лице. 

Согласно Законот за спорт, спортот е дејност која ги опфаќа сите форми на спортски активности на спортистите од сите возрасти, како и спортско - рекреативните активности на граѓаните, а ја вршат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот (трговец поединец и трговско друштво регистрирано за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт) и истите можат да се јават како приматели на донација или спонзорство. 

На правното лице кое е давател на донација, а кое е даночен обврзник на данокот на добивка износот на дадената донација во тековната година му се признава како расход во висина до 5% од вкупниот приход, а пак на даночниот обврзник на данокот на добивка кој спонзорирал средства на правно лице износот на даденото спонзорство во тековната година му се признава како расход во висина до 3% од вкупниот приход. 

Со цел реализација на донацијата/спонзорство и овозможување искористување на даночните поволности најнапред давателот и примателот на донацијата/спонзорството склучуваат меѓусебен договор во писмена форма. Давателот на донација/спонзорство поднесува барање до Министерството за правда за потврдување на јавниот интерес на предвидената донација/спонзорство. Министерството за правда во согласност со надлежниот орган во чија надлежност е утврдувањето на јавниот интерес, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, издава решение со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата/спонзорството. Примателот на донацијата станува сопственик на донацијата и ја користи исклучиво за намената определена во договорот за донација и за намената за која е отворена посебна трансакциска сметка, односно за целта на дознаката во платниот налог со кој се донира, во случај на жирални давања. 

На барање на давателот на донацијата по претходна реализација на предметот на донацијата примателот му издава писмена „Потврда за донација”, со цел истата на давателот да му послужи како доказ пред Управата за јавни приходи за остварување на даночните поттикнувања. 

Давателот и примателот на донација/спонзорство се должни, најдоцна во рок од 30 дена од денот на исполнувањето на Договорот за донација/спонзорство, до Управата за јавни приходи да достават Извештај за дадената и примена донација/спонзорство, на пропишаните обрасци (Образец „УЈП-ИДС/ДВ“ и Образец „УЈП-ИДС/ПР“). 

За остварување на даночното поттикнување правното лице - давател на донацијата кон Даночниот биланс доставува копија од Договорот за донација, копија од Решението донесено од Министерството за правда со кое се потврдува јавниот интерес на донацијата, писмена Потврда за примена донација, како и доказ за уплатата на средствата. Согласно член 9 од Законот за данокот на добивка („Службен весник на Република Македонија“, број 112/14, 129/15, 23/16, 190/16 и 248/18) како непризнаени расходи за даночни цели ќе се сметаат трошоците за донации направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 5% од вкупниот приход остварен во годината и трошоците за спонзорства направени во согласност со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, над 3% од вкупниот приход остварен во годината. Значи, согласно овој Закон трошоците за донации/спонзорства до пропишаниот износ се признати за даночни цели. 

Исто така, во Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности предвидени се и даночни поттикнувања кај данокот на додадена вредност, како и кај даноците на имот. Ако донацијата е во предмети и материјални добра истата е ослободена од данокот на наследство и подарок кога давателот му го пренесува правото на плодоуживање и користење на примателот и дополнително е ослободена од данок на имот во наредните пет години, по годината во која е дадена донацијата.

(Продолжува)

Анета Димовска, самостоен советник 
во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!