Даноците нема да се менуваат, правичен данок е можен само по долга дискусија
Објавено во: Економија 11 Јули, 2020
Во следниот период немаме намера да ги менуваме даноците, даноците остануваат исти, 10 отсто данокот на добивка, 10 отсто е персоналниот данок на доход, ДДВ то е 18 отсто, а 5 отсто е на повластената стапка на производите.
Ова вчера го кажа во емисија на Телевизија 24 лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со цел, како што објасни, да има предвидливост во економијата.
„Ако се случи да го внесеме правичниот данок, тоа ќе биде на подготвителна база во две-три години дискусија. Ќе има рефлексија таму каде што е возможно, во моментов е невозможно тоа да се имплементира. Јас сум левичар и се залагам за правично оданочување, но нашето опкружување е со рамни даноци…“, рече Заев.