Данска нуди најдобри услови за живот, Германија на 11-то место
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2020
Земјите кои се наоѓаат на северот од Европа имаат најдобри услови за живот.
Во рангирањето на „Global Social Mobility Index“, првите пет места ги заземаа скандинавските земји. Прва е Данска, а потоа следат Норвешка, Финска, Шведска и Исланд.
Рангирањето во кое беа опфатени вкупно 82 земји ширум светот има за цел да покаже јасно како поединечните земји им обезбедуваат на своите граѓани подобар живот од претходната генерација.
Германија е на 11-то место, Франција е на 12-то место, Велика Британија е на 21-то место, а САД се наоѓаат на 27-то место.
Од земјите во регионот на листата се најдоа Бугарија на 40-то место, Србија (41), Романија (42), Грција (48) и Турција (64).