18 Јуни, 2019
0.0191

Дански истражувачи со обемна студија: Вакцината против сипаници не предизвикува аутизам

Објавено во: Свет 06 Март, 2019

Дански истражувачи докажале дека вакцината против осип не го зголемува ризикот од аутизам кај децата, ниту го предизвикува, а големата студија e направена на 650 000 деца.

Истражувачите користеле попис на наслението за да проценат дали од вакцината се зголемува ризикот од аутизам кај децата родени во Данска помеѓу 1999 и 2010 година, се наведува во магазинот “Anals of internal medisin”.

Истражувачите ја следеле здравствената состојба на 657.461 деца и ги документирале дијагнозите од аутистичен спектар, како и познати фактори на ризик, како што се старост на родителите, аутизам на браќа и сестри, предвремено пораѓање и помала тежина при раѓањето. Повеќе од 95 отсто од децата се вакцинирани против сипаници, а кај 6 517 е дијагностициран аутизам.

Се покажало дека вакцината МРП не го зголемува ризикот од аутизам кај децата без ризични фактори, ниту предизвикала аутизам кај деца со различни фактори. 

Бидејќи противниците на вакцината, меѓу кои се и политичари и јавни личности, шират страв кај родителите, истражувачите настојувале да направат што е можно поголема студија.

Проблемот со вакцинацијата настанал по објавување на студијата на Ендрју Вакифилд, објавена во 1998 година во медицинското списание „Лансет“. Вакифилд го финансирала адвокатска фирма, бидејќи планирала да ги тужи производителите на вакцината.

Година подоцна „Лансет“ ја повлекол студијата бидејќи истрагата покажала дека Вакифилд ги променил или погрешно прикажал податоците за дванаесет деца кои биле основа за заклучок на неговата студија.

Бројни студии подоцна, кои се обиделе да ги повторат неговите резултати, не пронашле врска помеѓу вакцините и аутизмот.


Foto: Shutterstock

Можеби ќе ве интересира

ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОДГОВОРИЈА: Ова се земјите каде е најдобро да се преселите

ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОДГОВОРИЈА: Ова се земјите каде е најдобро да се преселите

Штрахе нема да биде европарламентарец откако ја урна австриската влада

Штрахе нема да биде европарламентарец откако ја урна австриската влада

КИНЕЗИТЕ ВИСТИНСКИ ШАМПИОНИ: И за кафе си ги плаќаат сметките преку телефон

КИНЕЗИТЕ ВИСТИНСКИ ШАМПИОНИ: И за кафе си ги плаќаат сметките преку телефон

Две туристки во две земји загинаа при силно невреме

Две туристки во две земји загинаа при силно невреме

(ВИДЕО) Скоро 50 милиони луѓе во две земји се без струја

(ВИДЕО) Скоро 50 милиони луѓе во две земји се без струја

Жештините убија педесетина луѓе во оваа земја

Жештините убија педесетина луѓе во оваа земја

(ВИДЕО) Драма се случуваше кога на авион му експлодирале гуми

(ВИДЕО) Драма се случуваше кога на авион му експлодирале гуми

Земјотрес од 7.4 степени ја стресе оваа земја

Земјотрес од 7.4 степени ја стресе оваа земја

Кои се европските земји со најдобра вода за капење?

Кои се европските земји со најдобра вода за капење?