20 Април, 2024
0.0271

Дарко Димовски: Од позајмицата од 900 милиони евра да се зголемат платите во јавниот сектор или штрајк

Објавено во: Економија 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, вели дека државата со извесната позајмица од 900 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд ќе има пари за зголемување на платата од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор. Од заемот од 900 милиони, според пресметките на лидерот на ССМ, треба да се издвои дополнителни 30 милиони евра за работниците.

Синдикалниот лидер во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека не видел во ребалансот на буџетот дополнителни средства за зголемувањето на сите плати на работниците, иако било договорено по шест месеци, односно од 1 септември, тие да се зголемат линеарно и солидарно согласно Загонот за минималната плата. 

- Со позајмицата од 900 милиони евра треба да има пари за работникот, без разлика дали е од јавниот или приватниот сектор. До петок ако не не повикаат, дали вицепремиерот Битиќи, дали министерката Тренчевска или премиерот, од другата недела ние ќе си ги закажеме органите и телата., бидејќи во ребалансот нема пари за тоа. Тие ни ветија дека од 1 јули ова ќе се примени, вели Димовски.

Претседателството и Советот, ќе дадат упатство до гранските синдикати, како во полицијата и здравството, тие да се подготват за генерален штрајк во јавниот сектор, доколку до утре Владата не одговори на повикот на ССМ.

- До септември каде ќе најдат пари, ако немаат сега со ребалансот? Знаеме дека порасна минималната плата, но ние во знак на солидарност, побаравме покачување во износ од 2.806 денари од хигиеничар до претседателот на државата. Инфлацијата секој ден ги обезвреднува платите. Ако државата има пари за сите да ги субвенционира и да ги помага, треба да има и за работниците. Законот е многу јасен, во септември треба да се усогласи платата. Не може некој да ме убеди дека тоа се многу пари и дека државата не може да ги обезбеди, додаде Димовски.

Тој потсети дека јавниот сектор очекува годишен регрес за сите и со исплатата на К-15 да не се делат работниците на „државни и приватни“.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ