26 Април, 2024
0.0367

ДЕБАКЛ НА УНИЈАТА ЦДУ/ЦСУ, ВОСКРЕСЕНИЕ НА СПД: Но, кој ќе биде канцелар, Шолц со мала предност пред Лашет

Објавено во: Свет 26 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Се уште е мртва трка меѓу Армин Лашет, кандидатот за Канцелар од унијата ЦДУ/ЦСУ и Олаф Шолц, кандидатот за канцелар на германските социјалдемократи. Според досега преброените гласови, односно според прогнозата на АРД врз основа на излезната анкета, и СПД и ЦДУ/ЦСУ освоија по 25 проценти од гласовите. Анкетата на телевизијата ЗДФ, пак укажува дека СПД води со 26 проценти од гласовите, пред ЦДУ/ЦСУ со 24 проценти. Резултатите од двете излезни анкети покажуваат дека Зелените, предводени од Аналена Бербок, се на третото место, со околу 15 проценти од гласовите.

Сепак, според анализата на Der Spiegel, овие парламентарни избори во Германија се дебакл за Унијата, а воскресение на СПД, но се уште не се знае кој ќе биде канцелар и кој ќе го има мандатот да формира влада. Во првите проекции, социјалдемократите се само со мала предност и се ќе зависи од ФДП и Зелените, пишува Der Spiegel.

Дебаклот на Унијата се темели врз основа на тоа што денешниот резултатот за блокот ЦДУ/ЦСУ очигледно ќе биде нивниот најлош во повоената историја на Германија. Оваа досега водечка  коалиција во Германија, која изминатите 16 години беше предводена од Ангела Меркел, сега има уште полош процент од оној во 1949, кога освои 31 процент од гласовите.

Тесниот резултат на изборите покажува дека претстојат долги преговори за новата влада и дека е неизвесно кој ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, која се пензионира по 16 години на чело на владата.

Кандидатот за канцелар на Демохристијаните, Армин ЛаШет вечерва рече дека има тесна борба, потенцирајќи дека Унијата сака да ја води новата Влада

На почетокот на своето обраќање во изборниот штаб, тој нагласи дека за првпат по 16 години Ангела Меркел не се кандидирала за канцелар, заради што Унионистите влегле во изборната трка без „бонус“.

- Знаевме дека ќе биде тешко и дека ќе имаме тесна борба. Се уште немаме конечни резултати. Но, веќе можеме да кажеме дека не можеме да бидеме задоволни од резултатот - изјави Лашет.

Тој рече дека во секој случај, исходот од гласањето ги става Германија, но и ЦДУ / ЦСУ, како и сите демократски партии, пред голем предизвик, бидејќи е неопходно да се постават насоки за наредните години.

- Само една партија не може да го стори тоа, треба да ги надминеме сите поделби и да соработуваме. За првпат ќе имаме трипартитна влада - нагласи тој.

Истовремено, пак, генералниот секретар на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбејл, вечерва по затворањето на избирачките места рече дека оваа партија има мандат да формира коалиција.

- СПД има мандат да формира влада. Сакаме Олаф Шолц да биде канцелар - рече Клингбејл по објавувањето на првите излезни анкети.

СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека унионистите загубија речиси девет проценти од гласачите.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек