ДЕБЕЛО ЗАРАБОТУВААТ НА ТУЃИ СУДИРИ: Кој има најмногу корист од танкерската војна на САД и Иран?
Објавено во: Свет 05 Август, 2019
Веќе месец дена светот е сведок на „танкерски“ конфликт помеѓу Иран и САД.
Иран се наоѓа во голема економска криза, додека најголема корист од овој судир засега извлекуваат Британците, односно британската корпорација „Лојдс“ - своевидна берза на осигурување.
Танкерскиот конфликт довел до нагло зголемување на цената на осигурување за бродовите кои поминуваат низ морето со ширина од 54 км. Овој аспект е посебно значаен ако се знае дека низ ова подрачје поминува и петтина од светската нафта. Како што расте опасноста, растат и трошоците за превоз на нафта.
Осигурувањето на танкерите е зголемено дури 10 пати, од минатогодишните 0,025 отсто од вредноста за терет, до денешните 0,25 отсто. На пример, ако танкер носи нафта вредна 100 милиони долари, осигурувањето ќе му биде скоро 230 000 долари. Што е најинтересно, компаните кои ги осигуруваат танкерите се воглавно американски и британски.
Спутник пренесува дека посебно е значајна британската компанија „Лојдс“ која претставува некој вид на пазар за услуги за осигурување, каде сопствениците на бродови се среќаваат со осигурвачки брокери за склопување на договор за осигурување.