„ДЕЦА, БИДЕТЕ МИРНИ“ Е ПОРАКАТА НА САД ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: Аналитичарот Јонуз зборува за позадината на оваа одлука
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2024
Ставањето на Артан Груби на американската црна листа беше анализирано во емисијата „Утринско еспресо на Радио Лидер“ од страна на Агим Јонуз, кој го разјасни значењето на оваа одлука и нејзината позадина. Според него, американците користат својата црна листа не само како средство за санкционирање, туку и како воспитно и едукативно оружје.
„Американците со својот модел на црна листа многу повеќе делуваат воспитно, едукативно, казнено, отколку тоа што го прават поради тоа што некој не сака да им влезе во државата“, истакна Јонуз.
Црната листа, според него, е политичка порака. „Црната листа апсолутно е политичка порака. Американците дадоа порака и до знаење дека забегаа и дека се однесуваат поразлично од тоа што им дозволуваат. Читајте го јазикот на дипломатијата и политиката. Остајте народ што гледа вести. Вестите викаат „Артан Груби на црна листа“. Да, но суштината е поинаква. Американците им викаат на Артан Груби и Енвер Беџети „деца бидете мирни“, додаде Јонуз.
Тој, исто така, коментираше и можноста за дестабилизација во Македонија, поврзувајќи го овој процес со ДУИ и Артан Груби. „Американците нема да дозволат дестабилизација во овој момент. Тоа е како во една соба да имате две синчиња си играат, таткото чита весник. Децата џавкаат, играат, се тепаат и таткото во еден момент го зема весникот, тргнува по двајцата и им вика „не таласајте“. Тоа се случи и во Македонија“, изјави Јонуз.
Целата емисија, која ги опфати не само темите за црната листа на Груби и Беџети, туку и други актуелни политички прашања, можете да ја погледнете во продолжение.
фото: Print Screen