25 Април, 2024
0.0289

Децата ќе свират и ќе прават инструменти на музичка работилница во Капиштец

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Детското лето во Центар продолжува. Минатата среда стотици деца цртаа во паркот Капиштец, а оваа среда, 11 јули, на истото место во 18:30 часот најмладите жители на општина Центар ќе имаат можност да учествуваат на музичка работилница. Тоа ќе биде вториот од вкупно седум настани од проектот „На одмор сум во Скопје сум - Општина Центар мисли на мене“, чија основната цел е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст и да се поттикнат да излезат надвор на дружење и игра. 

Од Општина Центар велат дека преку слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ сакаат да го насочат детското внимание кон нешто што ќе им ја поттикне креативноста и ќе им овозможи здрав начин на забава.


- Годинешниве активности ги концепиравме така што секоја среда децата од нашата општина имааат можност да бидат вклучени во разни сегменти на уметноста. Минатата недела ликовната работилница предизвика огромен интерес кај децата и нивните родители. Оваа среда на музичката работилница очекуваме уште поголем број. Сакаме на децата да им понудиме шаренолико лето - велат од одделението за образование во Центар.

Одговорна за работилницата е музичарката и композиторка Ана Пандевска, која вели дека акцентот ќе биде ставен на перкусивните инструменти и ќе бидат изложени вибрафон, маримба, тапани, кахон, дајре, шејкер, раганела, добош и други ситни перкусии.

- Децата визуелно и аудитивно ќе се запознаат со овие инструменти, со имињата, звукот, изгледот и дел од техниките кои се употребуваат. Во одреден дел од програмата ќе имаме употреба на body percussion така што децата ќе го користат сопственото тело како инструмент, како и на основните музички елементи: темпо, ритам, метар, тембр, мелодија, хармонија, форма и сл. Децата ќе прават свои инструменти, шејкери, со кои ќе вежбаат различни ритми. Целта на работилницата е преку игра, едукативно да се допре до секое дете кое ќе биде на настанот. Истовремено сите да се забавуваат и да научат нови нешта. Да се обидеме да допреме и до родителите  да внимаваат на изборот на музика која се пласира до нивните деца - вели Пандевска.  

За време на работилницата перкусионистот Антоние Весковски со задавање ритмо-метрички примери ќе ги анимира децата активно да учествуваат преку игра, а вокалот Ања Ветерова ќе изведе неколку песни од  цртани филмови. 


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan