25 Април, 2024
0.1010

ДЕЦАТА СЕ ПОБЛИСКУ ДО ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ - и Владата и родителите сметаат дека тоа е поисправно

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

За неколку дена ќе се знае дали овој први септември ќе има ученици во школските клупи, или тоа ќе се замени со некој друг модел.

Министерот за образование и наука во заминување, Арбр Адеми, смета дека нема замена за наставата во училница, а и кај надлежните преовладува позитивно мислење за физичко присуство на учениците во училиштата.

Според Адеми, има доволно време за организирање на образовниот процес, почитувајќи ги сите здравствени протоколи за заштита од Ковид 19. Министерот вели дека сите училишта треба да обезбедат растојание за учениците, независно од бројот во одредени училишта.

„Доколку е организирано во една смена ќе се организира во две смени, доколку е организирана во две смени, ќе има организирање на наставата во три смени и евентуално во четири смени со цел да се одржи физичкото растојание меѓу учениците“, нагласи првиот човек во Образование.

Најдоца до 10 август се очекува да се утврди финалниот модел за реализирање на наставниот процес за новата учебна година.  

Според последните изјави и на министерот за образование Венко Филипче, се очекува Комисијата за заразни болести да даде зелено светло за првичните предлози на МОН, потоа ќе ги разгледа и одобри предлог протоколите, а Владата на крај ќе донесе конечна одлука каков ќе биде моделот за училишна настава.

Јавноста е поделена по однос на ова прашање. Од направените анкети, мнозинството директори на училишта, наставници и родители се за повторно отворање на училиштата со настава во училница или комбиниран модел на настава во училница и на далечина, покажуваат првичните резултати. Многу помал број односно само 6 проценти од директорите, 14 проценти од наставниците од средните училишта и 10 од основните училишта сакаат да продолжи наставата на далечина, односно од дома.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови