25 Април, 2024
0.0282

Децата со дијабет се боцкаат и 10 пати дневно: Филипче уверува дека ќе се обезбедат апарати

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

„Се праваат напори, за да им се олесни животот на родителите, а посебно за децата“, потенцираше министерот за здравство, Венко Филипче кој денес присуствуваше во ректоратот на медицинскиот факултет во Скопје, кадешто се одбележа Светскиот ден за борба против Дијабетес. На настанот присуствуваа и членови на сојузот на дијабетичари, пациенти, лекари, и останати засегнати страни.

Родителите од Битола бараат државата да обезбеди апарати кои ќе им помогнат на децата да им се олесни примањето на терапијата, бидејќи децата со дијабет се боцкаат и по 10 пати дневно за да ја примаат потребната терапијата. На новинарско прашање кога да очекуваат родителите дека ќе ги добијат ваквите апарати за мерење на шеќер во крвта, министерот Филипче, рече дека се праваат максимални напори за да се обезбеди најсовремена терапија и дијагностика.

„Се праваат напори, за да им се олесни животот на родителите, а посебно за децата“ запознаен сум со проблемот и веќе разговаравме со родителите, за кратко време ќе се знае кога ќе може да се обезбедат вакви апарати. Инаку, вакви апарати и сензори, се донирани на детска ендокринологија„, истакна Филипче.

На настанот се дискутираше за Националната стратегија за дијабетес. За проблемите со кои се соочуваат пациентите, за предизвиците, за ново набавените лекови, но исто така и за идните планови и третирањето на дијабетесот.

Над 3800 новозаболени лица од дијабет има во земјава скоро секоја година. Според претседателот на националната комисија на дијабетичари во земјава, Ирфан Ахмети и според податоците кои ги добивале од „Мој термин“, заклучно со31.12.2018 година вкупно 123.850 лица биле заболени од оваа хронична болест во земјава, додека минатата 2017 година бројката изнесувала 120.000 лица со дијабет.

Според Ахмети, над 50 % од заболените лица се од возрасната група од 45 до 65 години, односно лица кои се работоспособни.

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг