Деценија висок раст за подобар живот - каде е Македонија?
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2017
Со просечен годишен раст од 5% потребни се 10 години за да се достигне плата од 600 евра.
Во тој случај просечната пензија би можела да биде 300 евра.
ПРОСЕЧНИ НЕТО ПЛАТИ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЦИЕ
нето плати во евра БДП по жител/долари невработеност
Словенија 1020 21.370 8.9%
Чешка 745 18.325.9 4.1%
Словачка 680.8 16.648.1 9.9%
Унгарија 558.5 11.902.8 6%
Хрватска 750 11.858.5 16.4%
Романија 426.6 9.439 6.4%
Бугарија 361 7.091.3 8.2%
Црна Гора 497 6.809 16.9%
Србија 368.8 5.293.9 18.6%
Македонија 365 5060.2 25.4%
БиХ 427 4.289.3 25.4%
Резултатите во српското стопанство во 2016 година се најдобри од 2008 година, велат економистите.
Растот од 2.8% за некои е солиден, но не е спектакуларен.
Овој раст е исти како во повеќето земји во Централна и Источна Европа, но е помал од некои земји во соседството.
Во 2015 и 2016 година задача за властите беше фискална консолидација за да се избегне банкрот.
Просечната пензија им е 23.450 динари или 190 евра.
Просечната плата во Србија им е 45.787 динари или 372 евра.
Според анкетите граѓаните би биле задоволни кога би имале барем за половина повисоки примања.
Во Србија во 2.624 странски фирми се вработени 198.797 луѓе.
Се работи за фирми кои се со 50% странски капитал и повеќе.
19.7% од вработените работат во странски компании.
Најголем дел од нив во сектор трговија и моторни возила односно 39.9%.
Во преработувачка индустрија има 22.9% или тоа се 160.000 работници.