24 Април, 2024
0.0250

ДЕФИНИЦИЈА ЗА УСПЕШЕН БРАК: Убавината доаѓа по 20 години заеднички живот

Објавено во: Стил 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Некогаш делува збунувачки за некои луѓе да си замислат еден партнер со којшто ќе го поминат остатокот од животот. Луѓето се менуваат со текот на времето и не секогаш излегува онака како што ние сакаме и замислуваме.

И покрај тоа што бракот е како ролеркостер, најсреќниот момент во бракот доаѓа подоцна отколку што мислите.

Една студија, објавена во списанието Социјални мрежи и Животниот курс, откри дека двојките биле најсреќни кога стигнале до 20-годишнината од нивниот брак.

Истражувачите од Пенсилванија и Бригам Јанг универзитетите ги анализирале браковите на 2.034 парови, со просечна возраст од 35-37 години и како нивното задоволство се менувало со текот на годините.

Студијата покажа дека двојките кои се во брак  20 години поминуваат повеќе време заедно правејќи заеднички активности од оние за време на медениот месец. Исто така, со текот на времето, тие развиваат „подлабоки нивоа на почит" еден за друг.

Сепак, тоа не е секогаш лесниот пат. Резултатите, исто така, покажаа дека среќата полека се намалува до 20-годишнина по што следува осцилација односно подобрување на односите.

„Иако разводот е вообичаен овие денови, околу половина од браковите траат цел живот", велат истражувачите.

Иако периодот на меден месец - првата година на врската – е најстраствен, сепак најдобриот дел од односот може да биде вреден за чекање. Според некои истражувања, двојките го имаат најдобриот сексуален живот после 15 години брак.

Сепак, една студија, објавена во The Journal of Sex Research, открила дека жените најверојатно можат да ги измамат своите партнери помеѓу шестата и десетата години брак , што значи за да се дојде до најдобриот момент од бракот, можеби ќе треба да работите напорно.

извор и фото: Бизнис Инсајдер


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган