20 Април, 2024
0.0286

Дефинирање на приоритетите за соработка во „Мал шенген“

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

На трилатералната работна средба на лидерите од Западен Балкан којашто се одржа во Охрид минатиот викенд, премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, ги договорија основните смерници за поврзување на регионот и креирање на „мал Шенген“ меѓу земјите од Западен Балкан, што воедно е и дел од работната агенда на Коморскиот инвестициски форум- КИФ. Трите страни минатиот месец  ја донесоа и заедничката декларација, и ги повикаа и лидерите на останатите балкански земји да им се приклучат со цел градење на поинаков Западен Балкан кој ќе прерасне во подобро место за живеење и значаен фактор за Европската Унија, а придобивките како што се: меѓусебното признавање на дипломите, брзи ленти за камионите за елиминирање на застојот на стоки на граничните премини и поминување на границите само со лична карта, се само дел од агендата. 

Акцискиот план, којшто трите страни ќе треба да го спроведат до 2021 година предвидува:

- слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти;
- ефикасни гранични премини каде што контролите ќе работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи;
- меѓусебно признавање на сите документи од делот на агенциите за храна и ветеринарство до сите други административни институции кои ги работат документите;
- постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите;
- засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации;
- зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации, како и  развивање заедничка платформа за заеднички инвестициски понуди.

Во насока на исполнување на зацртаните точки од агендата на КИФ и помош на Владините претставници во спроведување на иницијативата, Коморскиот инвестициски форум продолжува со конкретни решенија со чијашто имплементација, многу полесно ќе можат да се постигнат планираните активности. Претставниците на Коморскиот инвестициски форум веруваат дека со имплементирање на утврдената агенда за Креирање на Регионална Економска Област, изготвена по детална анализа на секоја од шесте економии поединечно, значително ќе им помогнат и на државните врвови на Западен Балкан шест, да го спроведат утврдениот акциски план.

Раководството на КИФ смета дека, во однос на олеснување на протокот на стоки на граничните премини, главните пречки можат да се решат со целосна имплементација на електронски системи кои ќе се креираат и имплементираат во согласност со стандардите на ЕУ. Потребно е да се стави во употреба  систем за електронско доставување на документи за извоз / увоз на стоки на ниво на трите земји, со цел да се овозможи следење на сите камиони кои превезуваат стока од територијата на сите страни, насочени кон размена на податоци, навремено најавување на камиони и спроведување на анализа на ризик.

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИТЕ ЗА СОРАБОТКА ВО „МАЛ ШЕНГЕН“Воведувањето на ваков електронски систем, како и подобрувањето на инфраструктурата на граничните премини, значително ќе го олесни слободното движење на стоки. На пример, во согласност со неодамнешното воспоставување на заедничка гранична контрола помеѓу Србија и Северна Македонија, ќе биде потребно да се воспостави заедничка гранична контрола и помеѓу Албанија и Северна Македонија. Исто така, покрај воведувањето на заедничкиот електронски систем, потребно е итно воспоставување на заеднички фитосанитарни и ветеринарни контроли на терминалот што е издвоен од граничниот премин, за што веќе и се договрени владините претставници на трите земји. Полесно е да се преместуваат луѓе (царински инспектори, во овој случај) отколку да се изгради сосема нова инфраструктура. Со овој пристап единствена проверка на границата би бил бар-кодот и брза проверка на печатот на издадените документи.

Понатаму, во насока на осполнување на агендата, КИФ се обврзува да формира тимови за спроведување на предложените приоритети и мерки, во утврдените рокови. Тимовите ќе бидат формирани од претставници на релевантни институции, вклучувајќи ги и стопанските комори и РЦЦ. Во рамки на заложбите на КИФ е и подготвеноста за постигнување на Договорот за граничен премин во Регионот со лични карти, така што овој договор може да биде потпишан за време на следниот самит во Берлинскиот процес, во текот на летниот период 2020 година.

Слободното движење на лица меѓу трите земји само со лична карта, како документ за личен идентитет што го поседува секој граѓанин, во пракса, ќе придонесе за побрз премин на границата бидејќи нема да е неопходно да се приложи пасош како меѓународен патнички документ. За издавање на пасош, како легитимна патна исправа, во досегашната пракса, потребни се дополнителни административни процедури и трошоци. Што се однесува на граничните премини на аеродромите, контролата на личните карти ќе се спроведува на границата на излез и на границата на влез (на пр. за патување од Белград до Тирана со трансфер во Скопje, граничната контрола е завршена во Белград и Тирана, без никаква контрола на аеродромот во Скопје).

Но, за да се воспостави слободно движење на луѓето меѓу трите земји, неопходно е да се спроведат активности што ќе резултираат со еднакви права на граѓаните во однос на движењето, вработувањето и образованието. Ова значи дека граѓаните од секоја од трите земји ќе имаат еднаков третман и можност за вработување и образование без разлика од која земја потекнуваат (пр.инженер од Македонија вработен во компанија во Албанија, ќе има еднаква плата, социјално и здравствено осигурување и ќе ги ужива сите права и работни услови како и неговиот колега од Албанија, којшто е на иста позиција).

Иницијативите што ги промовираат Коморскиот инвестициски форум, како и лидерите на Македонија, Албанија и Србија, не се во насока на отстапување од европските интеграции, туку претставуваат заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе. Лидерите на државите од Западен Балкан  на работниот состанок во Охрид, оценија дека регионот треба да го овозможи тоа не само заради исполнување на европските критериуми во рамки на евро-интеграцијата, туку повеќе заради подобрување на трговската размена, слободата на движења на луѓе и работна сила, размена на бизнис-идеи, сето во насока на креирање услови за подобрување на стандардот на граѓаните кои живеат во овој дел на Европа.


м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга