19 Август, 2018
0.3037
    ALK 7956.45    -0.54%     GRNT 793.88    -1.36%     KMB 5168.81    -0.47%     MERM 2006    126.41%     MKSD 204    0%     MPT 44500.29    -1.11%     MTUR 4600    -1.08%     OHB 6500    -0.01%     OKTA 4215.18    -6.1%     PPIV 44500    -1.13%     RADE 1700    -0.12%     RMDEN17 96.02    -0.08%     RZEK 30    0%     RZTK 511    0%     RZUS 120    -2.94%     STB 1031.49    0.11%     STIL 131.22    -1.34%     TEL 277.4    -1.52%     TNB 14130    -0.46%     TTK 1146    -0.09%     UNI 2400    0.04%     VITA 8767    3%

Интервју со Дејан Сипковски, менаџер за Големопродажба за домашен пазар и извоз (ДЕ-ТА | MAK Fashion | Sara socks)

Дејан Сипковски: Наша стратегија е да имаме задоволни купувачи

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2018

Само со посветена работа и максимален ангажман на целиот тим ќе ја зацврстиме и надградиме лидерската позиција на нашата компанија во Македонија. Наша стратегија е да имаме задоволни купувачи. Знаењата од домашниот пазар секојдневно ги користиме за да се издигнеме во врвот во Србија, како и во поширокиот регион-вели во интервјуто за Фактор Дејан Сипковски, менаџер за Големопродажба за домашен пазар и извоз (ДЕ-ТА | MAK Fashion | Sara socks)

Фактор.мк: Купувачите Sara Fashion како комaпанија ја препознаваат по мало продажбата, но компанијата Де Та Дејан освен тоа, има и друг канал на продажба, поточно големопродажбата. Како менаџер на големопродажба каква е понудата од ваша страна?

Дејан Сипковски:
Компанијата ДЕ-ТА е препознатлива по својот бренд за малопродажба – Sara Fashion. Она што малкумина го знаат е дека преку каналите на големопродажба, компанијата продава дури два пати поголеми количини отколку низ малопродажниот каналa. Во Македонија, снабдуваме над 1.000 продажни места, од кои 700 се бутици, парфимерии и фамилијарни бизниси со текстил а дополнително, снабдуваме преку 350 доставни места на Национални и локални Маркети. Наши соработници се КАМ, Тинекс, Рамстор, Веро, Жито, Кит-Го, Атва, Монтенегро, Рептил, Зур, Маркет Дијана, Гранап, Солун 53, Ангро-Маркетинг, Шик комерц, Л-ник  и многу други поголеми и помали ланци 

на продавници. Во однос на Србија, нашите соработници се водечките системи за продажба на тој пазар: Меркатор С (преку каналите Рода и Идеа), Веро, УНИВЕР-ЕКСПОРТ, Гомекс, Медиус, Трнава промет, Сента промет, Мармил, Алфа, НС БОМИ, како и останати продажни места. Бројката на партнери и нови продажни места секојдневно се зголемува. Во нашата понуда имаме преку 6.000 артикли од категориите чорапи, хулахопки, долна облека, костими за капење и аксесоари, со што сме препознатливи и максимално подготвени за да ги задоволиме сите можни барања на купувачите. Како најзначајни брендови кои се продаваат во каналот големопродажба, би ги издвоил брендовите кои што се во наша сопственост – Red Star и Тамара, како и брендовите за кои имаме генерално застапништво, Penti, NBB, Pompea, Donella, Apple, Ostaz, Milano, Grand.

Овие брендови, вклучително и брендот SF кој е наменет есклузивно за малопродажбата, генерираат одлична синергија на портфолио и искуства кои стратешки и заеднички ја надградуваме заедно со нашите соработници - добавувачи и со нашите коминтенти, со единствена цел - да ги исполниме барањата и потребите на нашите крајни купувачи.


Фактор.мк Колку имате конкуренција од страна на компании, таканаречени човек-фирми, како со нив се справувате на пазарот?

Дејан Сипковски: Конкуренцијата е присутна во секој сегмент, така што значителен дел од нашата стратегија е секојдневно да ги слушнеме и разбереме потребите на нашите купувачи, директно и преку нашите вработени. Мислам дека затоа се издвојуваме и одржуваме како лидери на пазарот и тоа е значителен дел од рецептот за континуиран успех и пораст во продажбата.

На секој пазар, за жал, постои и нелојална конкуренција, која понекогаш знае да ги помести вредностите кои ние ги градиме и негуваме. Сепак, конзистентниот квалитет на производите и високото ниво на услуга е тоа што доминира во крајната и долгорочна одлука на крајниот купувач. Ние ги негуваме тие вредности и тоа е императив за градење на лојалност и задоволни купувачи.

Од друга страна, конкуренцијата е таа која што не одржува будни и не тера да бидеме поинвентивни и побрзи во секојдневното работење.


Фактор.мк Каква е моменталната состојба на пазарот во Македонија според вас? Колку е важно компанија како вас да има долгорочна стратегија?

Дејан Сипковски: Без јасно зацртана стратегија и фокус кон најголемите приоритети, успехот е едноставно невозможен. Ние сме сериозна компанија, со над 200 вработени и функционираме според усвоен бизнис план. Мојата улога е да го насочам тимот кон зацртаните цели во однос на планот за продажба и наплата. Негуваме култура на проактивност со цел предвремено да ги елиминираме предизвиците кои би можеле да ни го отежнат работењето. Работиме со категории кај кои постои сезоналност во побарувачката и продажбата и затоа е потребно многу да се внимава и да се размислува неколку месеци однапред како би се избегнале можните грешки во позиционирањето на пазарот.

Нашата генерална стратегија се состои од градење на партнерски односи со постоечките соработници, како и континуирано освојување на пазарот преку менаџирање и дополна на постоечкиот асортиман и проширување на мрежата за дистрибуција на нашите производи на домашниот пазар и во Србија.

Со цел да не излеземе од зададената стратегија, функционираме според акциски план, бројките се следат секојдневно до најситен детал и со самото тоа не дозволуваме да се појави простор за поголеми изненадувања во однос на зацртаната стратегија. Задржување и зајакнување на лидерската позиција во Македонија е наш императив. Одличниот успех во изминатите години во Србија ни дава дополнителна мотивација во креирање на долгорочната стратегија за да го прошириме нашето присаство на тој пазар, како и пошироко во регионот. Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Грција се следните наши пазари со кои веќе водиме интензивни преговори за влез со двата канали на продажба.

Фактор.мк Потребата е да се биде иновативен на пазарот е огромна, се менуваат ли генерациите, исто така и трендовите? 

Дејан Сипковски: Како лидери во продажбата на пазарот во Македонија, во компанијата ДЕ-ТА континуирано ги следиме трендовите и барањата од купувачите и соодветно инвестираме во своите брендови и вработени. Трендовите и генерациите се менуваат. На пример, во не толку далечно минато, чорапите и долната облека претежно се продаваа на пазарите и на импровизирани тезги. Се продаваа само неколку модели, во неколку основни бои. Денес, навиките за купување на тезгите на пазарите е драстично намалена и нашите крајни купувачи веќе имаат поистенчен вкус, ги следат модните трендови  и бараат далеку поголем избор во модели и дезени кои ги купуваат во најблиската продавница на Sara Fashion, локалниот маркет или бутик.

Тесно соработуваме со нашиот тим од секторот на снабдувачки синџир како и со нашата дизајнерка кои се професионалци во својот домен. Кај нив го пренесуваме фидбекот од купувачите за потоа во најбрзо време да добиеме дополнителни насоки за движењето на светските трендови а посебно на оние во регионот. Сите потреби за одреден нов модел, дезен или сезонски производ со одличната координација се навремено доставени и со самото тоа се овозможува непречен процес на продажба.

Од друга страна, интензивно работиме на наште вработени кои се вклучени во процесот на продажба преку интензивна соработка со HR службата за да ги адресираме описите на работните места, помогнати со јасно дефинирани процесни мапи и процедури како би обезбедиле непречено и фокусирано  функционирање на секој еден вработен во тимовите за продажба.

Функционираме како едно големо семејство, идеите и страста за успех кај секој еден од вработените се канализираат во испорака и надминување на зададените цели во однос на зацртаната стратегија.

Фактор.мк Со какви предизвици се соочувате како менаџер за големородажба? Освен во Македонија може ли да направите паралела и со Србија?

Дејан Сипковски: Работам со тим на многу искусни професионалци на двата пазари. Во Македонија, тимот на комерцијалисти кои што се фокусирани на ланците на маркети, како и продажниот тим во нашите магацини на Мак фешн во Скопје, Битола и Тетово, со позадинска поддршка од тимот на нашиот изложбен салон, секојдневно ги извршуваат своите задачи на нај високо ниво. Поголемиот дел од вработените во тимот е повеќе од 10 годиниво компанијата, односно, се работи за многу искусни професионалци кои меѓусебно се надополнуваат со знаења и искуства.

Приликите во Србија се слични со пазарот во Македонија, но факт е дека потенцијалот е многу поголем, согласно на бројот на популацијата. Од друга страна и конкуренцијата е многу поголема и поагресивна имајќи во предвид дека од година во година им превземаме сериозен дел од пазарниот удел на продажбата на локалните лидери во индистријата. Во 2012 се отвори првата франшиза на Sara Fashion во Србија. Веќе во 2013 година го отворивме и магацинот за продажба на големо Sara socks.Нашата компанија е генерален застапник за брендот Penti и за пазарот во Србија.

Етаблирање на тимот во Србија генерира пораст од година во година и со тоа само ни потврдува дека сме на вистинскиот пат за да прераснеме во лидер и на тој пазар. Тимот во Србија е релативно млад, но во последните две години успеавме да ја удвоиме продажбата. Покрај Penti, нашите брендови Red Star и Тамара, се присатни на пазарот веќе 5 години и од ден во ден побарувачката за нив расте. Нудиме одличен квалитет за прифатливи цени и купувачите знаат да го препознаат производот што им одговара.

Размената на искуства од двата пазари е од непроценлива важност.

Ако по утрото денот се познава, 2018 година ќе биде најуспешна година за компанијата ДЕ-ТА, имајќи го во предвид одличниот старт во месец јануари со надминување на зацртаните цели во продажбата во Македонија и Србија

Можеби ќе ве интересира

Брако е единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе

Брако е единствената домашна компанија што произведува медицинска опрема, работи 15 години и вработува 600 луѓе

Кавадарци стана дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони

Кавадарци стана дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони

Нормализирано водоснабдувањето на булевар АСНОМ

Нормализирано водоснабдувањето на булевар АСНОМ

Дефектот на улица Серска е саниран

Дефектот на улица Серска е саниран

Саниран дефектот на улица Христо Татарчев

Саниран дефектот на улица Христо Татарчев

ФОТОГАЛЕРИЈА: НОВАТА ŠKODA FABIA

ФОТОГАЛЕРИЈА: НОВАТА ŠKODA FABIA

Wizz Air никогаш немал летови од Македонија до Полска

Wizz Air никогаш немал летови од Македонија до Полска

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МИНИ АПТЕКА ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

ЗАДОЛЖИТЕЛНА МИНИ АПТЕКА ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

Групација Триглав со раст на премија на сите пазари и во сите сегменти, потврдена оцена на годишната добивка

Групација Триглав со раст на премија на сите пазари и во сите сегменти, потврдена оцена на годишната добивка