ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2024
Францускиот ланец на продавници за спортска опрема Decathlon најави отворање на повеќе од 60 нови продавници во Германија до крајот на 2027 година, истакнувајќи дека има намера да ја искористи можноста што ја создаваат слободните деловни простории во центрите на градовите.
Според DPA, Decathlon моментално има 86 продавници во Германија, а би требало да има повеќе од 150 за две години.
Отворањето нови продавници и модернизацијата на постоечките локации ќе бара околу 100 милиони евра инвестиции и веројатно отворање на илјадници нови работни места, изјави шефот на германскиот бизнис на Декатлон, Арно Саурет.
Заштеда поради неизвесност
Декатлон сака да го зголеми уделот на пазарот и приходите, нагласи Саурет, без да даде бројки. До крајот на оваа година, француската компанија има намера да отвори две нови продавници во Германија, вклучувајќи помала локација на главната станица во Потсдам и поголема во центарот на Хамбург. Тие, исто така, размислуваат за проширување на бизнисот во други градови, како Нирнберг, Фрајбург, Рошток, Оберхаузен и во пошироката област на Касел.
Германските граѓани ги намалуваат трошоците поради економската несигурност и инфлацијата, но Decathlon гледа можност во слободни деловни простории во центрите на градовите и има намера да ја искористи за да се доближи до клиентите, вели шефот за проширување, Стефан Кајзер.
Водечка позиција на Интерспорт
Ќе се отворат нови продавници во трговските центри и во пешачките области, фокусирајќи се на специфични спортови, во зависност од побарувачката. Во Минхен треба да се отвори продавница за планинска спортска опрема. Германскиот пазар за спортска опрема е многу конкурентен и се мери во милијарди евра.
Водечката позиција ја зазема Интерспорт со годишен приход од околу 3,5 милијарди евра, следен од Спорт 2000 со 2,95 милијарди евра. Годишниот приход на францускиот синџир спортска опрема е околу 1,1 милијарда евра, пишува DPA. Саурет го опиша проширувањето како дел од стратегијата на Decathlon за зголемување на уделот и прометот на пазарот, иако тој не ги прецизираше конкретните бројки што компанијата ги очекува од зајакнувањето на германскиот пазар.
фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.