28 Март, 2024
0.0247

Декларација за спроведување на четирите „слободи“ на ЕУ во земјите од Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Заедничка Декларација за спроведување на четирите темелни „слободи“ на ЕУ во земјите од регионот на Западен Балкан беше донесена на состанокот што се одржа во Нови Сад, на 11 октомври 2019 година, меѓу премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама.

Декларацијата претставува заложба за што побрзо и поефикасно формирање на Регионална економска област (РЕО) во Западен Балкан 6 како што е предвидено со повеќегодишниот Акциски план усвоен на Самитот на премиерите на Западен Балкан во Трст, во јули 2017 година, како дел од Берлинскиот процес, заснована на сеопфатност и на принципите на ЕУ за четирите „слободи“: слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал. Со Декларацијата, претседателите изразија подготвеност за зајакнување на регионалната соработка за генерирање економски развој, намалување на невработеноста, борба против илегалната миграција, борба против транснационалниот организиран криминал и подобрување на социјалната благосостојба на граѓаните, како и за зголемување на трговијата, инвестициите и вработувањето во регионот на ЗБ6.

Во очекување на членството во ЕУ, на регионот му е потребно значително зајакнување и раст, што може да се постигне само со заедничка заложба и имплементација на меѓународните договори во земјите од регионот. Потребна е посилна политичка посветеност за да се создадат соодветни услови за повисоки и поодржливи нивоа на економски раст. Целосното и слободно движење на стоки, услуги, капитал и работна сила низ целиот регион е најдобриот начин за мал регион како ЗБ 6  да генерира раст во брзо движечката, глобална економија. Овој подвиг ќе собере приближно 20 милиони луѓе на заеднички и обединет пазар, преку подобрување на животниот стандард низ целиот регион, обезбедување можности за граѓаните и подготовка на целиот регион за членство во ЕУ и за подобро утре.

Трите страни едногласно се обврзаа да работат на отстранување на граничните проверки и другите пречки за слободно движење во регионот што е можно поскоро, не подоцна од 2021 година. Луѓето да можат да патуваат низ регионот со валидна лична карта и да се овозможи да бидат во состојба да работат каде било во регионот, откако ќе бидат квалификувани на едно место, односно во една од земјите на ЗБ 6, а  дипломите да бидат признаени низ целиот регион. На политичко ниво, потребно е земјите од ЗБ 6 да ја интензивираат соработката против транснационалниот организиран криминал и да си помогнат едни на други во одговор на итни случаи, како што се, на пример, природните непогоди.

Тројцата претседатели ги повикаа своите колеги од останатите земји од Западен Балкан да ја прифатат и да се приклучат кон оваа суштински важна иницијатива за обединување на регионот и побрзо приклучување кон Европската унија. Со цел подетално разгледување на можностите за соработка и креирање видливи решенија за отворените прашања, претседателите најавија повторна средба во Охрид, на 10 ноември 2019 годин



Целата декларација може да ја прочитате тука.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија