ДЕЛ ОД ТРГОВЦИТЕ СО ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ БАРАААТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ - изработката на веб страниците за објавување на цените им е финансиски, технички и кадровски проблем

Објавено во: Економија 17 Април, 2025 13:56
Се огласи Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехранбени производи, со барање да се продолжи рокот за објавување на цените на производите на нивните веб страници.
„Имајќи ги предвид тековните околности и предизвици со кои се соочуваат нашите членки во процесот на дигитална трансформација, упатуваме официјално барање до Министерството за економија за продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на оваа обврска.Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект. Притоа, сакаме да истакнеме дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата.
Сметаме дека продолжувањето на рокот ќе
претставува поддршка кон сите засегнати субјекти, но најмногу на оние на кои им е
најпотребно а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен
пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се
овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција.
Очекуваме разбирање и соработка од надлежните
институции, со единствена цел – градење стабилна и конкурентна економија, во
која секој економски субјект има фер можности за развој и напредок“, се вели во соопштението од Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехранбени производи.
Можеби ќе ве интересира
„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

Во последен момент измена на Законот за енергетика? Цени на струјата и горивата ќе ни одредуваат експерти новодојдени од енергетски компании

Во очекување на трговски договор: пазарите во режим на претпазливост

Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер

ЕУ СО НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА - меѓу новите 17 мерки се цели кон „флотата во сенка“ и воената индустрија

ТРАМП ЈА „ПРЕГРНУВА“ КИНА И УДИРА ВРЗ ЕВРОПА: Брисел е последен на ред за трговски договор со Америка

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!

ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани
