23 Април, 2024
0.0325

Делев: Весела математика за странските инвестиции пред владиниот економски колапс

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека пресот на владата за странски инвестиции бил уште еден обид за манипулација на јавноста и нејзино дефокусирање од деструктивните политики на владата предводена од СДСМ.

– Новата влада во паника од економскиот колапс денес излезе со апсолутно неточни информации во делот на странските инвестиции. Веселата математика според Рашковски е применета при пресметките. СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката ниту регулативата што се занимава со странски инвестиции. На денешниот прес СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за над 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 милиони евра за креирање над 25 илјади работни места плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем најголема ставка е ДДВ кој според закон е повратен, СДС пресметува ДДВ по формулата на Тевдовски. Ако пресметаме бенефитот според формулата на СДС тогаш само една компанија во Македонија лоцирана во ТИРЗ 1 ќе има 30% опфат од целокупната економијата, рече Делев.

Тој рече дека бркањето на странските инвеститори само ќе им користело на тајкуните на СДСМ, а бркањето на странските инвеститори ќе ја намали просечната плата и дека оваа погубна политика на СДСМ мора да престане, бидејќи доколку продолжи вака Македонија ја чека економски колапс.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП