29 Март, 2024
0.0294

Дело на личниот скулптор на Александар Македонски ги скара Италија и музејот Гети

Објавено во: Свет 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Музејот Гети од Лос Анџелес, еден од најпознатите во САД и светот, вети дека ќе се избори за своето право да ја задржи бронзената статуа во природна големина, за која се верува дека ја изработил личниот скулптор на Александар Македониски, откако Врховниот суд на Италија ја отфрли нивната жалба дека делото им припаѓа токму нив.

Статуата "Победничка младина", која датира од 300-та година пред нашата ера е едно од најимпозантните во колекцијата на Гети. Спорот со Италија датира од 2010 кога судот во Пезаро пресуди скулптурата да биде запленета и вратена во „својата матична земја“ согласно италијанската кампања за враќање на антиквитети „ограбени“ од нејзината територија и продадени на музеи и приватни колекционери низ целиот свет.

Младиот спортист со подигната десна рака и малсинов венец околу главата и висок 1,5 метри е една од ретките грчки бронзени статуи од античкиот период што се целосно зачувани во оригинална форма. Иако уметникот е непознат, некои научници веруваат дека е направен од Лисипос, личен скулптор на Александар Македонски.

Од Гети велат дека Италија нема право на претензии, бидејќи е извлечена во неутрални морски води во 1964 година од страна на италијански рибари. Купена е од страна на Гети во 1977 година за 4 милиони долари. Од музејот тврдат дека тоа што е извлечена од италијански рибари не значи дека истата и припаѓа на Италија. Од таму тврдат дека артефактот никогаш не бил дел од културното наследство на Италија и дека нема пишани докази дека статуата припаѓала на Италија.

Не е јасно дали Гети сега ќе поднесе жалба до Европски суд. Исто така не е јасно дали и како италијанската влада ќе се обиде да ја врати статуата. 

Во 2007 година, Гети, без да признае какво било престапување, се согласи да врати 40 древни богатства во замена за долгорочните заеми на други артефакти. Италија и Гети оттогаш работеа на десетици соработки во реставраторски, изложбени и истражувачки проекти. 


Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО