29 Октомври, 2020
0.0314

Деловен план на Групацијата Триглав за 2021 година

Во очекување на тешки пазарни услови и неизвесно деловно опкружување поради епидемијата

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2020

Групацијата Триглав, врз основа на избраното веројатно сценарио за деловното опкружување во 2021-ва година, планира зголемен обем на консолидирана бруто полисирана премија помеѓу 1,2 и 1,3 милијарди евра и добивка пред оданочување од 85 до 95 милиони евра. Комбинираниот количник на Групацијата е планиран под 95 проценти, што е во долниот (поволен) дел на просечната целна стратешка вредност, којашто изнесува околу 95 проценти. Предвиденото работење ќе се спроведува во тешки и конкурентни услови на пазарот и под влијание на епидемиолошките услови на глобално ниво, чии што размери сеуште се неизвесни, а на финансиските пазари во услови на ниски/негативни каматни стапки. Во развојните активности, Триглав ќе биде ориентиран кон остварување на својата визија, преку фокус на клиентот динамично да ги развива новите начини на деловно работење, коишто се темел на одговорен долгорочен развој на Групацијата и истовремено да работи профитабилно и безбедно.

Групацијата Триглав останува стратешки насочена кон постигнување на долгорочна, стабилна економска профитабилност и зголемување на вредноста на Групацијата, истовремено извршувајќи ја својата мисија да гради безбедна иднина за сите заинтересирани страни. Во рамките на Групацијата, активностите остануваат насочени кон развој на вработените и организациската култура во кооперативна и агилна. Со фокус кон клиентите и нивните потреби, Групацијата и натаму ќе ги спроведува развојните активности за постигнување на висококвалитетни услуги, технолошки напредни продажни процеси и поефикасна продажна мрежа, во согласност со пристапот на повеќеканална комуникација со клиентот.

Групацијата планира зголемен обем на премија, којшто, заедно со другите фактори, ќе влијае и на работењето во сегментот на штети. Кај масовните штетни настани се очекуваат слични трендови како и во изминатите години, поради што внимателно ја одржува избраната реосигурителна заштита. И во 2021-ва година акцентот ќе биде ставен на ефективноста на трошоците. Групацијата ќе продолжи со рационализација на трошоците, што не се директно поврзани со стекнување на осигурување, а притоа очекува раст на трошоците поврзани со инвестиции во информатичката технологија и активности поврзани со натамошна дигитална трансформација на Групацијата. Врз основа на тие темели и со дисциплинирано преземање на осигурителните ризици, Триглав планира да ја одржи профитабилноста на осигурителниот дел од работењето на сите пазари.

Инвестициските политики на Групацијата Триглав остануваат непроменети, а нивната цел е да постигнат висок кредитен рејтинг на целото портфолио на инвестиции. Во областа на управување со средства, ќе ја следат стратешката насока на зголемување на обемот на средства со продажба на постоечките производи за штедење и осигурување и со јакнење на средствата на инвестициските фондови со кои управува компанијата ќерка Триглав Склади. И во 2021-ва година цел е зачувување на високите оценки на кредитен рејтинг, доделени од страна на од S&P Global Ratings и A.M.Best.

Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав, изјави:

Работиме во тешки времиња, не само за нас туку и за сите наши соработници. Размерите на епидемиолошките услови на глобално ниво и од макроекономски аспект се неизвесни, финансиските пазари се нестабилни и во опкружување на ниски/негативни каматни стапки, а на пазарите владеат остри конкурентни услови. Проценуваме дека Групацијата е финансиски стабилна, доверливо управува со ризици, работи со добивка и постепено и успешно дигитално се трансформира. Што се однесува на деловниот резултат, за следната година, според предвиденото веројатно сценарио и предвидените услови планираме дека ќе изнесува од 85 до 95 милиони евра. Понатаму, тој истакна: Во ова опкружување остануваме фокусирани на насоките од нашата стратегија, која доследно ја спроведуваме. Во оваа прилика сакам да му се заблагодарам на нашиот тим, кој брои повеќе од пет илјади вработени, за досегашната работа и вложениот труд.

Клучните елементи од деловниот план на Групацијата Триглав за 2021-ва година се наоѓаат во документот, поставен на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

За безгрижно детство и сигурна иднина, одберете банка која е партнер од доверба

За безгрижно детство и сигурна иднина, одберете банка која е партнер од доверба

Со InOne.mk и Уни Банка домашните фирми побрзо и со пониски трошоци отвораат своја онлајн продавница

Со InOne.mk и Уни Банка домашните фирми побрзо и со пониски трошоци отвораат своја онлајн продавница

Додајте шик стил на секојдневната облека! Надградете го вашиот стил со модни додатоци и Huawei Watch GT 2 Pro

Додајте шик стил на секојдневната облека! Надградете го вашиот стил со модни додатоци и Huawei Watch GT 2 Pro

АЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

АЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

ТТК Банка АД Скопје со нова експозитура во Скопје, Дебар Маало

Воздухот во Скопје под 24 часовен надзор во наредните 12 месеци

Воздухот во Скопје под 24 часовен надзор во наредните 12 месеци

Новиот HUAWEI MATE40 PRO е најеко смартфон на HUAWEI

Новиот HUAWEI MATE40 PRO е најеко смартфон на HUAWEI

2 нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co.

2 нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co.

Ексклузивно: Виртуелна тура низ кујната на KFC

Ексклузивно: Виртуелна тура низ кујната на KFC