23 Април, 2024
0.0437

Деловна клима за ИКТ индустрија - Како да се стимулира растот на работната сила во ИКТ?

Објавено во: Мои пари 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа Форум за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ индустријата. Целта на настанот беше да се презентираат и дискутираат тековните предизвици поврзани со деловната клима за ИКТ секторот и да се идентификуваат потенцијалните мерки во областа на социјалните придонеси, даноците, работната сила и образованието што ќе го стимулираат растот на работната сила во ИКТ.

„МАСИТ активно се справува со сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивното секојдневно работење. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на деловната клима за ИКТ секторот и за стимулирање на растот на работната сила во ИКТ. Се надеваме дека овој настан ќе ги потенцира најважните предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите и ќе придонесе за создавање на конкретни предложени мерки за подобрување на деловната клима за ИКТ компаниите преку поддршка на растот на ИКТ работната сила “, истакна г-ѓа Билјана Прличкова, оперативен директор на МАСИТ.


Проектот презеде активна улога во поддршка на ИКТ секторот преку застапување на повеќе важни предлози:

Стимулирање на инвестиции во работната сила:

  • даночни признавање на направени трошоци во подобрување на работните услови (спорт и рекреација, team-building, одмор , здравствени прегледи, грижа за деца и сл.)
  • дополнителни даночни ослободувања за трошоци за едукација
  • даночни поттикнувања за донации во образование (по примерот на донациите во спортот) за стимулирање на вложувања во преквалификација и доквалификација на работната сила

Ограничување на максимална основица за придонеси:

  • 000 бруто 50% повисока од просечно исплатената во ИКТ индустријата во 2018 година

Работни односи дефинирани по мерка на ИКТ индустријата:

  • работа надвор од просториите на работодавачот
  • флексибилност за мерење/исплата по учинок
  • електронска комуникација работодавач/работник


Форумот овозможи голем број на претставници на приватниот сектор да ги дадат своите забелешки, да ги објаснат своите предизвици, како и да дадат придонес за подобри решенија кои ќе бидат застапувани преку јавно-приватниот дијалог. Имено, се разговараше и за можностите за инвестиции во ИКТ образованието што ќе одговара на потребите на приватниот сектор за квалитетна работна сила, зголемување на бројот на студенти на техничките факултети, вложувања во едукативен кадар и поддршка на капацитетите за неформално образование кои придонесуваат во создавање на ИКТ професионалци.

Затоа потребен е системски пристап, заклучија учесниците на Форумот, со промена на повеќе закони од областа на работните односи и даноците, со цел да се овозможи континуиран раст на ИКТ секторот како еден од најважните во домашната економија кој придонесува со отворање на нови работни места, високи примања и извоз на услуги и производи.


Во наредниот период, Проектот ќе работи на дефинирање и решавање на предлозите што произлегоа од овој настан.  Во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку Проектот  Партнерство за подобра бизнис регулатива. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ; Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на малите и средните претпријатија.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!