19 Јануари, 2020
0.0154

ДЕМАНТ ОД МЕПСО: Во ниту еден момент не беше оставена без напојување трансформаторската станица „Скопје 3“

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2019

Во однос на соопштението на ЕВН за прекините во снабдувањето со електрична енергија на населби од централното подрачје на Градот Скопје, од МЕПСО велат дека во ниту еден момент не го оставиле без напојување со електрична енергија приклучното место на кое се поврзува електродистрибутивниот систем  во трансформаторската станица „Скопје 3“. 

„Стручните тимови на МЕПСО веднаш излегоа на терен и проверките утврдија дека денеска немало дефект ниту прекин во напојувањето со електрична енергија од трансформаторската станица „Скопје 3“ на која е поврзана електродистрибутивната мрежа. Повеќе информации за причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија ве упатуваме да побарате во Операторот на дистрибутивниот систем. Објавените информации се погрешни и се пласирани пред да заврши целосната проверка на фактичката состојба со цел утврдување на причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија. Овој чин на објавување не е во функција на градење и јакнење на меѓусебна доверба и партнерски односи меѓу компаниите кои оперираат со преносниот и со дистрибутивниот систем. МЕПСО како и секогаш досега ќе остане отворен за соработка со единствена цел непрекинато и сигурно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија“, се наведува во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

Саниран дефект и најава за прекин утре

Саниран дефект и најава за прекин утре

Прекин на водоснадбувањето во Визбегово

Прекин на водоснадбувањето во Визбегово

Ќе се одржи меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020

Ќе се одржи меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020

Безбедносните мерки во НЛБ Банка ги спречиле сторителите да направат поголема материјална штета

Безбедносните мерки во НЛБ Банка ги спречиле сторителите да направат поголема материјална штета

Дефектот на Бул.АСНОМ бб е завршен

Дефектот на Бул.АСНОМ бб е завршен

„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ СО НОВ РЕКОРД НА ГЛЕДАНОСТ

„ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ СО НОВ РЕКОРД НА ГЛЕДАНОСТ

Преку нетворк маркетинг до успешен сопствен бизнис

Преку нетворк маркетинг до успешен сопствен бизнис

Утре без вода улици во населба Аеродром

Утре без вода улици во населба Аеродром

РСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користете сигурносен појас ?

РСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користете сигурносен појас ?