Демири до Заев: Дали се невини осудените за случајот Смилковско езеро?
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2017
Мариглен Демири од Левица го праша премиерот Зоран Заев дали стои на изјавата дека лицата осудени за случајот Смилковско езеро се невини и дали ќе врши притисок истиот да се реши.
- Судството не трпи притисок од никој и тоа е факт, сега извршната власт која ги има механизмите тоа не го прави. Ова прашање е до правосудството, а не до мене да кажувам како треба да се решава. Јавноста будно ги следи сите процеси и против Заев и против Груевски. И како политичар и како претседател на тогашната опозиција направив доволно преку проектот Вистината за Македонија. Правдата и во овој случај ќе дојде преку соодветни постапки, одговори премиерот Заев во емисијата „Отворено“.