Демохристијаните од Европа немаат коментар за името
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018
Извори во Европската народна партија (ЕПП) велат дека нема да има коментар за историскиот договор за името постигнат вчера, но се разговара зад кулиси, вели за МИА еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
Откако сите клучни политички сили и актери во ЕУ и НАТО сесрдно го поздравија постигнатиот компромис за името помеѓу Македонија и Грција, единствено најголемата политичка група во ЕУ остана нема.
За сега официјално реакција од ЕПП дојде само од европратеникот Едвард Кукан, активен учесник во процесот Жан Моне.
Преку штура електронска порака, прес службата им порача на новинарите дека „нема да има коментар на оваа тема од ЕПП“.Но, извори во политичката група за МИА велат дека сакаат „позитивен исход“ и дека претседателот на ЕПП е во постојана комуникација и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и со лидерот на Нова Демократија во Грција, и двете членки на ЕПП.