28 Март, 2024
0.0263

ДЕМОКРАТИТЕ ЖЕСТОКО УДРИЈА НА ТРАМП: Покрената истрага која може да го симне од функција

Објавено во: Свет 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Покренувањето официјална истрага што може да доведе до отстранување на претседателот Доналд Трамп, ја најави спикерот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, од Демократската партија.

Основ на постапката е сомневањето дека Трамп, настојувајќи себе си да си обезбеди реизбор, од претседателот на Украина барал да ги истражи тамошните активности на синот на неговиот политички ривал Џо Бајден кој во времето кога Бајден бил потпретседател на САД наводно бил привилигиран во бизнисот со Украина, пренесоа странски новински агенции.

Таа постапка на Трамп, Пелоси на состанокот одржан претходно вечерта, го нарекла „издавање на државни интереси на САД“ и „издавање на изборите“ за претседател.

Трамп во последните денови тврдеше дека не направил ништо лошо и најавил дека ќе објави транскрипти од телефонскиот разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Меѓутоа, шефицата на Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот на САД синоќа рекла дека „постапките и досега го кршеле Уставот ... и тој мора да одговара“ и додала дека „никој не е над законите“.

-Денес најавувам дека Претставничкиот дом покренува официјална истрага во постапката на смена (импичмент) - рекла таа.

На тоа Трамп синоќа одговорил со „твит“ од ОН во Њујорк дека неговите тамошни контакти со странски лидери „Демократите намерно мора да ги уриваат и понижуваат со своето ѓубре од вести за лов на вештерки. Тоа е така лошо за нашата земја“.

Покренатата постапка веројатно нема да доведе до смена на американскиот претседател бидејќи тој ужива поддршка од републиското мнозинство во Сенатот.

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО