20 Април, 2024
0.0269

Демонстрантие во Турција скептични за предложениот референдум

Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Продолжуваат протестите во паркот Гези, иако турската Влада синоќа понуди распишување референдум за плановите за градба во Истанбул, поради што почнаа демонстрациите на 31 мај годинава. Сепак, демонстрантите се сомничави и не веруваат во одржувањето на фер референдум, поради што продолжуваат протестите во паркот Гези. Во Анкара доцна синоќа избувнаа судири, а полицијата употреби солзавец и водени топови за растурање на околу 2.500 демонстранти што поставија барикади на патот кон канцелариите на Владата, пренесува Танјуг. Меѓутоа синоќе портпаролот на партијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската влада е отворена за можноста за одржување на референдум околу планот за градење во Истанбул кој предизвика масовни протести кои траат околу две недели. Ова соопштение, на портпаролот на партијата на Правдата и развојот, Хусеин Челик, следи по разговорите меѓу Ердоган и група активисти. Станува збор за првиот голем гест на владата на Ердоган во правец на  на кризата со протестите на плоштадот Таксим во Истанбул кои се проширија и на другите турски градови. Хусеин Челик се надева оти "гест на добра волја" ќе го расчисти просторот, но рече дека оние кои останале "ќе се соочат со полиција". Ердоган синоќа изјавил дека протестите на плоштадот Таксим и паркот Гези „ќе завршат за 24 часа“. Тој изјавата ја дал неколку часа по средбата со група активисти, во обид да се започне дијалог, и ветил дека со ова ќе завршат собирите, пренесува РТ. Турскиот премиер вчера се сретнал со група од 11 луѓе во рамки на обидите на владата да ги слушне барањата на демонстрантите. Во групата имало уметници, универзитетски професори и студенти, а на средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи, животна средина и урбанизам, туризам и култура, како и заменик-претседателот на владејачката партија АКП. Претходно во текот на денот, илјадници турски адвокати облечени во црно излегле од судовите на протести во Истанбул и Анкара, извикувајќи слогани против бруталноста на полицијата кон нивните колеги кои им се придружиле на најмасовните антивладини протести во Турција последните неколку дена.      

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест