ДЕН Д ЗА БРИТАНИЈА: Парламентот гласа за Брегзит, Меј на големи маки
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2019
Британскиот парламент денес треба да се изјасни за договорот за Брегзит кој премиерката Тереза Меј го постигнала со Европската унија.
Меј ги повика пратениците „уште еднаш да го проучат“ договорот за Брегзит и ги одби повиците да го одложи излегувањето на Британија од ЕУ.
-Им порачувам на пратениците од двете страни на парламентот, што и да заклучат во следните 24 часа проучете го договорот уште еднаш-рекла Меј пред парламентот.
Таа заклучи дека договорот не е совршен и дека е резултат на компромис.
Ги отфрли барањата на некои пратеници за Брегзит, закажан за 29 март, да го одложи како би имало повеќе време за постигнување консензус или одржување на нов референдум.
-ЕУ ќе ја напуштиме на 29 март. Верувам дека поради нашата демократија е важно да ги спроведеме резултатите од референдумот од 2016-та година-рекла премиерката.
Се верува дека Меј денес нема да успее да обезбеди поддршка за договорот.
Можни се повеќе сценарија во тој случај - од распишување нови избори до нов референдум или дури излез на Британија од ЕУ без договор, што би можело до доведе до хаос кој би предизвикал брз прекин на односите.