ДЕН Д ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2019
Дали специјалната јавна обвинителка која во моментов е зад решетки во затворот Шутка ќе остане официјално без титулата челник на СЈО ќе дознаеме денеска.
Денот Д дојде а на Јанева ќе и пресудат пратениците.
Собраниската седница според најавите би требало да почне во 13 часот а Комисијата одлучи Катица да бдие разрешена поради нестручно, незаконско и несовесно работење.
Јанева е трета осомничена во случајот Рекет заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милески.
Според многумина со оваа афера Катица ги убила сите надежи за правна држава.