Дендијас на средбата со Димитров: Строго придржување до Преспанскиот договор
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019
Шефот на грлчата дипломатија, Никос Дендијас се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, на маргините од Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан” во светло на неодамнешната одлука на ЕУ да одбие да одреди датум за почеток на разговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ
Грчкиот министер се осврна на цврстата и постојана поддршка на Грција за европските перспективи на Македонија, истовремено истакнувајќи ја потребата за строго придржување кон условите на Договорот од Преспа во целост. Конечно, тие се согласија да ги зајакнат билатералните односи, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
МНР пак соопшти дека Димитров изразил задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.