ДЕНЕС ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ НОВИНАРИТЕ: Кои медиумски лица може да ја примат вакцината во оваа група
Објавено во: Македонија 12 Април, 2021
Масовната имуниазација во државата денеска продожува со новинарите.
Медиумските работници ќе примат вакцина а бројката на оние кои спаѓаат во првата група е над 600 лица.
Првата група ја опфаќаат новинари и медиумски лица над 40 години и оние со хронична болест, додека оние кои беа пријавени на повикот на ЗНМ а не ги исполнувале условите, од здружението на новинари истакнуваат дека истите ќе бидат земени предвид за следниот круг, кој според информациите ќе биде наскоро.