25 Април, 2024
0.0480

ЗЕЛИНСКИ ИЛИ ПОРОШЕНКО: Денес за претседател гласаат и Украинците

Објавено во: Свет 21 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Околу 34,5 милиони граѓани со право на глас денеска ќе треба да го изберат шесттиот претседател на Украина. Но, околу 12 проценти од избирачите односно граѓаните на анктираниот Крим од Русија и во Доњецка Област и Луганска Област, што се под контрола на проруските бунтовници, не се во можност или не сакаат да гласаат.

Украинците избираат помеѓу актуелниот шеф на државата Петро Порошенко (53) и комичарот Володимир Зелински (41).

Во првиот круг од претседателските избори, на кој имаше 39 кандидати, за Зеленски се изјаснија над 30 проценти од излезените гласачи, додека за Порошенко гласаа нешто помалку од 16 отсто.

Анкети покажуваат  дека Украинците денеска својот глас ќе го дадат за Зеленски. Според резултатите од последното истражување на јавнот мислење за Зеленски би гласале 72,7 отсто, а за Порошенко сее изјасниле 27,2 проценити.

Во Украина живеат околу 42 милиони луѓе, но според последната анкета на „Галуп“ само девет отсто од граѓаните изјавиле дека имаат доверба во Владата. Украина е едена од најсиромашните земји во Европа.

Зеленски го искористи антивладиното расположение на Украинците, а водејќи необична кампања со комичарски настапи и преку социјалните мрежи, каде има милиони „следачи“, е фаворит на изборите.

Тој на јавноста и стана познат по хумуристичната серија „Слуга на народот“ , која почна да се емитува пред 3,5 години. Зеленски игра претседател на Украина, кој се бори против корупцијата. Во серијата Зеленски е професор кој случајно станува претседател на Украина по впечатлив говор за украинската политика на социјалните мрежи.

Порошенко  е петтиот претеседател на Украина, познат по прекарот Кралот на чоколадите. Тој е сопственик на најголемата фабрика за кондиторски произвиди во Украина, поседува телевизија и бродоградилиште, а поврзан е и со автомобилската индустрија.

Тој во 2013 – 2014 година активно се вклучи во антивладини протести, кои и финансиски ги поддржуваше. Порошенко на 25 мај 2014 година со 54,7 проценти од гласовите беше избран е за претседател на Украина.

За време на претседателскиот мандат на Порошенко, Украинците добија безвизен режим со Европска Унија, а спроведени се и одредени реформи. Тој помогна во воспосатвувањето на Украинската православна црква и успешно лобираше на Запад за останување во сила на санкциите за Русија.

Но, неговите критичари не се задоволни со тоа како се одвиваат промените што ги бараа демонстрантите на плоштадот Мајдан, како и дека нема пресуди за виновниците за големиот број на жртви за време на протестите. Критичарите на Порошенко му забележуваат и дека не го исполнил ветувањето за брзо завршување на војната во Источна Украина. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови