25 Април, 2024
0.0280

Денес започнува пријавувањето за новата „поголема“ социјална заштита

Објавено во: Економија 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Лицата во социјален ризик од денеска можат да се пријавуваат во надлежните центри за социјални работи за да може да ги добијат новите надоместоците предвидени со социјалната реформа по изгласувањето на Законот за социјална заштита.  Исплатата за мај ќе биде во текот на идниот месец, а помошта се зголемува за околу 300 отсто, повика претходно министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Повикот се однесува на сите коишто досега примале социјална помош, домаќинствата со деца коишто се со една минимална плата, невработени родители коишто чувале деца со попреченост, а се над 62 години за жена и 64 години за маж, и лица над 65 години коишто не оствариле право на старосна пензија, поради тоа што немат доволно години стаж, вклучувајќи ги и тие без ден работен стаж.

Четири члено семејство со две школски деца ќе земаат месечен надоместок од 10.600 денари. Ова е семеен пакет кој што ги содржи правата од гарантиран минимален приход, детскиот и образовниот додаток и енергетскиот додаток. Истото семејство до сега најчесто земаше социјална помош од околу 3.000 денари.

„Со новиот закон за социјална заштита поддржуваме 30.000 домаќинства да излезат од сиромаштија. За првпат воведуваме минимален гарантиран приход и ја зголемуваме социјалната помош за 300 отсто. Всушност, воведуваме семеен пакет кој содржи право на „Гарантиран минимален приход“, детски и образовен додаток и енергетски додаток, а висината ќе се пресметува поединечно според социјалниот ризик во кој што се наоѓа домаќинството. Ова значи дека, на пример, четиричлено семејство со две деца од коишто едното е во основно а другото во средно образование ќе добијат месечен приход од 10.600 денари. Претходно истото семејство добивало социјална помош од само околу 3.000 денари. Меѓутоа, она што е многу важно е што истовремено овозможуваме поддршка за доквалификација и вработување, за примателите на социјална помош да може да излезат од сиромаштија“ изјави министерката за труд и социјална работа во вчерашното интервју за „Фактор“.

Со реформата за прв пат во државата се воведува социјална сигурност за стари лица. Месечниот надоместок иснесува 6.000 денари, и се очеува да го користат околу 6.000 лица кои не оствариле право на старосна пензија. За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за социјална мерка, а не на право поврзано со пензискиот систем.

За лицата со попреченост и за нивните семејства со реформата се развиваат неколку нови услуги. Една од нив е одмена на семејна грижа која ќе обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмор, лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за лица со попреченост. Новина во законот е тоа што правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата. Се воведуваат две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди