20 Април, 2024
0.0261

Денес започнува „Запознај ја Преспа“ – првиот ден на програмата панел дискусии и богата музичка понуда

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Денес започнува дводневната манифестација „Запознај ја Преспа“, во организација на Општина Ресен и повеќе невладини организации. Настанот има за цел преку дружење, спортски активности, трибини и промоции да ги поттикне и сплоти младите од регионот, пред сè од нашата земја, Грција и Албанија.

Денешната програма започнува во 18:00 часот во Отешево, во хотелот „Lake view“ со одржување на Панел дискусија на тема: „Европски придобивки за регионот Преспа- искуства и можности“, во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС). Учесниците на панелот ќе дискутираат за можностите за развој на преспанскиот регион, зајакнување на прекуграничната соработка меѓу трите земји и начини за ефикасно искористување на европските фондови кои ќе донесат низа економски придобивки за граѓаните од Преспа.

На панел-дискусијата ќе учествуваат директорот на АМС, Дарко Каевски, Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, Михалис Петракос, советникот на градоначалникот на Општина Преспа, Лемос, Цвета Трајче, локален координатор на Агенцијата за заштита и презервација на природата во Албанија и Димитар Низамовски, извршен директор на Младинскиот образовен форум (МОФ).

Програмата за дружење и обединување на младите продолжува со концерт од 20:00 часот, на кој ќе настапат музичките групи „Нокаут“, „Бла, бла, бла“ и грчкиот реге бенд „Anima Nation“, како и локалните групи „Инстикт“, „Реприза“ и Екстраваганца“ започнува во 20 часот.

Проектот, кој за прв пат се одржува во нашата држава, ја има поддршката од Агенцијата за млади и спорт (АМС) и е дел од активностите за кампањата „ЕУ за тебе“. Како партнери на настанот се и фармата „Духот на Преспа“ и НВО „ Преспа ГРАД“ и „Еко Герила Ресен“.

Повеќе информации за целиот настан може до дознаете на Фејсбук

https://www.facebook.com/events/1281717971991437/?__mref=mb

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга