Денес жешко со висок УВ индекс-утре и задутре пресврт во временската прогноза
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2018
Краткотрајна нестабилност ни носи првиот работен ден од оваа недела покрај топлото време кое ќе преовладува речиси ширум државата.
За денес УМХР предвидува температури кои ќе достигнат од 33 во Скопје до 36 степени во останатите региони.
Се најавува и висок УВ индекс кој ќе достигне 9.
Вторник и среда се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи .