25 Април, 2024
0.0300

Денешната средба Заев - Мицкоски ќе одлучи за иднината на СЈО

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ако денеска премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски постигнат консензус за отворените прашања, тогаш може да се очекува усвојување на законот за интегрирање на СЈО во редовното обвинителство за што е потребно двотретинско мнозинство. Ова прашање, заедно со справувањето со актуелниот случај на висока корупција, се клучни за согласноста на одредени земји-членки за Македонија во октомври да добие даум за старт на преговори за членство.

Вечерва во Собранието ќе се одржи долгонајавуваната средба, а цел на состанокот е да се надминат разликите за законот за јавно обвинителство со кој се решава и иднината на СЈО. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат придружувани од соработниците кои се инволвирани во меѓупартиските разговори за законот

Од владата информираа дека тема на средбата ќе биде законот, а од текот на состанокот ќе зависи дали ќе се разговара и за други прашања, како на пример, предвремени парламентарни избори – сценарио за кое јавно притиска опозицијата, додека о ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на конструктивна средба.

„Oчекувам сериозност од власта, да покажат сериозност за моментот, сериозност кон прашањето и да се избегне она практика секој исчекор понатаму да биде дека не важи, да го фати заевизмот и да се вратат на почетните ставови“, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски наедно потврди дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо префрлањето на предметите од Специјалното во јавното обвинителство – чекор што во петокот го потврди јавниот обвинител Јовески.

За опозицијата спорно е само дека тоа се прави со документ потпишан од притвореничка – во случајов специјалната обвинителка Катица Јанева која од „Шутка“ побара преземање на предметите од нејзиното СЈО.



Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи