29 Март, 2024
0.4889

Денеска еден од клучните денови на македонската агенда за преговори со ЕУ

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе разговараат за стратегијата за проширување и извештаите на Европската комисија (ЕК) за реформите во земјите од Западен Балкан. Многу е веројатно дека отворањето преговори со Скопје ќе добие "зелено светло" на есен, додека сеуште има силен отпор на некои членки на Унијата да донесат слична одлука за Албанија.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изрази надеж дека земјите-членки ќе се сетат на постигнатиот напредок со потпишувањето на историскиот договор во Преспа и побара почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија.

"Се надевам и верувам дека тоа ќе биде направено што е можно поскоро", рече Могерини, потсетувајќи дека денешниот министерски состанок ќе биде точно на една година од потпишувањето на Преспанскиот договор на Северна Македонија и Грција.

Сепак, меѓу ЕУ не постои консензус дека процесот на проширување е се уште охрабрувачки, бидејќи некои клучни партнери во Европската унија инсистираат на ставот дека унијата мора прво да се стабилизира во своите рамки, вклучувајќи ги и последиците од напуштање на членството на Велика Британија.

Во исто време, многу е важно да се забележи дека влезот на нови земји во Унијата  е видлив и наидува на отпор кај одредени политички сили и кај граѓаните, а и кај не така мал број на членки на ЕУ.

Дипломатски извори во Брисел рекоа дека одлуката за датумот на започнување преговори со Северна Македонија и со Албанија ќе биде одложена наесен.

Работните документи за министерскиот состанок на 18 јуни само наведуваат дека стратегијата и извештаите на ЕК ќе бидат разгледани, а одлуките за Скопје и Тирана не се споменуваат.

Нив претходно ќе ги спомената амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, а веќе е извесно дека во септември клучен за "зелено светло" за Скопје ќе биде германскиот Бундестаг, како што најави македонскиот премиер, Зоран Заев, по разговорите со канцеларката Ангела Меркел во Берлин.

Властите во Скопје сметаат дека ставот за Македонија треба да се издвои од оној на Албанија. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, минатата недела, по средбата во Брисел со македонскиот претседател Стево Пендаровски, како и со премиеорт Заев, објаснија дека "не сите земји од ЕУ се подготвени за брзо време да донесат одлука" за доделување на датум за преговори.

Повеќе членови, претежно од источниот дел на ЕУ, но, исто така, Италија, Австрија и Малта, упатија заедничка декларација да биде одобрен почетокот на преговорите со двете земји. Властите во Париз и во Хаг, како и извори во Советот на министри на ЕУ за новинарите изјавија дека, сепак, тие се прилично воздржани, особено Франција, Данска, Холандија и Германија.

Извори на ЕУ во Брисел истакнаа дека меѓу земјите-членки има и забелешки на тоа што извештајот на Европската комисија за реформите во земјите од Западен Балкан е објавен дури кон крајот на мај, што е релативно доцна и дека немало доволно време за добра проценка.

Исто така, се објаснува дека некои членки, особено Германија и Шведска, мора да добијат согласност од своите национални парламенти за започнување на преговори со одредена земја, и ова бара дополнително време.

Се чини дека Северна Македонија добива долгоочекуван датум за преговори за членство со ЕУ, но, и покрај препораката на Европската комисија, неколку членки на ЕУ се исклучително резервирани за таква одлука и за Албанија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење