25 Април, 2024
0.0303

Денеска ЕУ гласа за конечни заштитни квоти за челик, исходот го чека и Македонија

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Земјите-членки на ЕУ денеска ќе одлучат дали ќе воведат конечни заштитни квоти за увоз на челик на пазарот на Унијата.

Европската комисија потврди дека земјите-членки денеска ќе гласаат за воведување на конечни заштитни мерки за увоз на челик.

Гласањето ќе се одржи врз основа на резултатите на истрагата од страна на Европската комисија, која започна во март 2018 година и која доведе до воведување на "привремените мерки за заштита" во јули истата година со цел да се заштити индустријата на ЕУ, по воведувањето на едностраното оданочување на САД на увозот на челик и алуминиум.

"Наодите и намерите на Европската комисија ќе бидат предмет на гласање од страна на земјите-членки. По нивното конечно усвојување од страна на Комисијата, мерките треба да стапат на сила во почетокот на февруари 2019 година ", рече портпаролот на Европската комисија.

Главните извозници на челик во ЕУ се Кина, Индија, Русија, Јужна Кореја и Украина, но ќе бидат погодени и помали земји од регионот како Србија, БИХ и Македонија. Политичарите, менаџерите и економистите од овие земји веќе апелираа да не се воведуваат овие непопуларни мерки.

Во извештајот на Европската комисија, Светската трговска организација вели дека треба да се воведат заштитни мерки за увоз на челик во ЕУ до три години и со царинска ставка од 25 отсто во износ поголем од т.н.. традиционалното ниво на трговија со челик на пазарот на ЕУ.

Станува збор за мерки според принципот "ерга омнес", без оглед на потеклото и се однесуваат на 26 категории на производи од челик. Се тврди дека овие мерки може да се преиспитаат и да се променат во случај на променети околности.



Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?