Денеска ќе има и сонце, од утре пак повеќе облаци и дожд
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2020
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд повеќе на запад. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Максималните температури ќе се движат од 15 до 25 степени. Во Скопје до 22 степени денеска.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер особено изразе во поширокото Повардарие.
Слично време ќе има и во вторник односно променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.
Температурите ќе бидат до максимум 26 степени.