20 Април, 2024
0.0286

Денеска ќе се распише тендерот за проектирање на Забавниот парк во Скопје, изградбата започнува во септември

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во утринската емисија на ТВ Сител информираше дека денеска Град Скопје распишува тендерот за проектирање на Забавниот парк, додека очекува неговата изградба да започне во септември.

Веќе подолго време метрополата нема забавен парк, каде што родители и деца, стари и млади ќе можат да се забавуваат и да ги поминат семејни денови. Во насока на изградба на нов забавен парк, Град Скопје на почетокот на 2020 година донесе одлука за земање заем наменет за изградба на овој забавен парк, но поради новонастанатата состојба поврзана со коронавирусот (ковид-19), оваа одлука се укина и средствата за задолжување се пренаменија за изградба и реконструкција на сообраќајници во градот Скопје.

Со новите две измени на одлуките на Советот годинава се предвидува фазно продолжување на реализацијата на овој капитален проект, каде што финансиските средства за проектирање, изградба, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје за 2021, 2022 и 2023 година.

Според податоците, забавниот парк ќе има два адреналински, шест семејни и осумнаесет детски реквизити, разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и други забавно-рекреативни содржини. Граѓаните по повеќе од 40 години треба да добијат нов забавен парк.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд