Денеска на пладне кафе-баровите ќе пуштаат музика во Македонија
Објавено во: Економија 26 Мај, 2020
Дел од сопствениците на угостителските објекти, чекајќи ја орепораката на Комисијата за заразни болести, испратија писмена реакција до медиумите во која најавуваат дека денеска од пладне па до 18.00 часот ќе пуштаат музика од своите локали иако неме да работат.
– По продолжениот карантински викенд, ги повикуваме сите сопственици на угостителски објекти од утре во сите локали да се извади по некој звучник и да се пушти музика. Целта е да покажеме дека сме тука и полека да привлечеме внимание и да ги разбудиме луѓето и одговорните. Исто така, ќе извршиме дополнителен притисок, дека сме подготвени за поскоро отварање. Ве повикуваме сите заедно утре точно од 12- 18 часот да пуштаме музика, секој по свој избор и да покажеме единство, се вели во писмото.
Уште пред десетинатина дена сопствениците на кафе-баровите и рестораните ги исчистија објектите, ги дезинфицираа, ги наместија масите на дозволена дистанца, но се уште се чека препораката за отворање. Во неизвесност дека Владата повторно ќе ја одложи одлуката, тие одлучиле на свој начин да го свртат вниманието.