Денеска пресуда за таткото на Боки 13
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2019
Миле Јовановски денеска ќе ја слушне првостепената одлука на Кривичниот суд за нанесување тешка телесна повреда на 7 јануари 2017 кога физички го нападнал Виктор Стојчев, инаку свештеник по професија.
Таткото на Бојан Јовановски, притворениот шиумен познат како Боки 13 за случајот „Рекет“, по расправија за паркинг место му нанел повреди на Стојчев, меѓу кои и скршеница на зглобот на ногата.
Јовановски на минатото рочиште ја призна вината, а како олеснителна околност во негова корист може да се земе тоа што, според одбраната, свештеникот упатувал навредливи зборови на сметка на Боки 13.
На Јовановски му се заканува казна затвор од шест месеци до пет години, но може да добие и условна казна ако се земат во предвид олеснителните околности.