20 Септември, 2020
0.0315

ДЕНЕСКА ПРВА СЕДНИЦА НА НОВИТЕ ПРАТЕНИЦИ - почнуваат разговорите за владино мнозинство

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Денеска земјава треба да го добие новиот Парламент. Вчера излезе од Ифективната клиника собранискиот спикер Талат Џафери, најавувајќи дека е во добра состојба. За денеска е подготвен да ја води првата Конститутивна седница, која ќе почне во 12 часот. 

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“, рече Џафери.

Место во сала Македонија, седницата ќе се води во Големата сала, позната на јавноста како Голема купола, каде има место за 600 лица, а на соодветна дистанца, со маски, пратениците место електронски ќе креваат картончиња за гласање. Причина за ова е коронавирусот.

Според дневниот ред, денеска прво треба да се случи избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието, потоа верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици во собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Денеска има многу мала веројатност да биде избран нов претседател на парламентот, бидејќи тоа би значело дека е формирано владиното мнозинство, што не е случај, туку токму денеска треба формално да започне. 

Официјална средба ќе се одржи денеска меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДПА, Мендух Тачи. Нема детали за тоа дали Заев има закажано други состаноци. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за денеска нема состаноци со политички лидери. Како што јави Алсат, од ВМРО ДПМНЕ немале информации за средба на нивниот лидер Христијан Мицкоски со некој од лидерите на политичките партии претставени во Собранието. Мицкоски пред неколку дена најави дека по конституирањето ќе ги започне состаноците на ниво на лидери, што според него ќе се одржат во Собранието. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива досега не соопштиле за средби за обезбедување парламентарно мнозинство. 

Инаку, од денеска тече рокот од 10 дена во кој според Уставот претседателот мора да му го довери мандатот на лидерот или на партијата што ќе обезбеди мнозинството во Собранието. Во овој период се очекува засилување на разговорите меѓу лидерите и формирање на преговарачки групи. Откко ќе го добие мандатот, мандатарот има рок од 20 дена да формира влада. 

Можеби ќе ве интересира

Вкупно три деца од иста група позитивни на Ковид-19 во Струмица

Вкупно три деца од иста група позитивни на Ковид-19 во Струмица

Родилка и бебе починале по пораѓање во ГАК

Родилка и бебе починале по пораѓање во ГАК

Министерство за здравство; Уште шестмина починати од Ковид-19

Министерство за здравство; Уште шестмина починати од Ковид-19

Приведен светиниколчанец за мачење животни по ургенција на Жерновски кај Спасовски

Приведен светиниколчанец за мачење животни по ургенција на Жерновски кај Спасовски

(ВИДЕО) МОН објави како децата ќе се враќаат в училиште од 1 октомври

(ВИДЕО) МОН објави како децата ќе се враќаат в училиште од 1 октомври

Заев: Избори за претседател на СДСМ по примерот на Социјалистичката партија на Бугарија

Заев: Избори за претседател на СДСМ по примерот на Социјалистичката партија на Бугарија

Андреј Жерновски вели дека ќе стори се да се уапси Младен Ефремов, кој убива кучиња со своето куче

Андреј Жерновски вели дека ќе стори се да се уапси Младен Ефремов, кој убива кучиња со своето куче

„Ленка“: Нухиу не може да биде заменик-министер за правда по аферата откриена од инспекторот Илиевски

„Ленка“: Нухиу не може да биде заменик-министер за правда по аферата откриена од инспекторот Илиевски

Инспекторатот ќе истражува дали имало непрофесионализам во последните смртни случаи на млади од Ковид-19 во Македонија

Инспекторатот ќе истражува дали имало непрофесионализам во последните смртни случаи на млади од Ковид-19 во Македонија