Денеска рочиште за „тепаниот“ Димче Крстев
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за постапката во случајот "Насилство во центарот" за седмообвинетиот Димче Крстев, инаку главен лик од видео-снимките од насилните протести пред општината.
Крстев е познат и по тоа што пролетта беше одложено неговото судење откако се појави со видливи повреди на лицето.
Освен тоа, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешниот советник нво општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангеловска и осум други лица.
На првичните сослушувања на овој предмет, Томислав Лазаров и Јордан Ристевски добија условни казни.