23 Април, 2024
0.0334

Денеска се гласа во Грција, ветувањата на Ципрас не се забораваат

Објавено во: Балкан 07 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во Грција денес се одржуваат предвремени парламентарни избори, кои премиерот Алексис Ципрас ги најави три месеци порано, откако левичарската „Сириза“ на изборите за Европскиот парламент во мај претрпе пораз од страна на конзервативната Нова демократија, а потоа и на локалните. Киријакос Мицотакис, според излезните анкети е убедлив фаворит како иден премиер и лидер на Нова Демократија на националните избори.

Асошиејтед прес објави дека Мицотакис по европските избори досега уште повеќе ја има зајакнато поддршката што ја има во јавноста во однос на Ципрас. Предвремени избори доаѓаат во време кога Грција се бори да излезе од децениската финансиска криза, која вредноста на грчката економија ја намали за четвртина и влијаеше на падот на вработеноста и зголемувањето на сиромаштијата, пренесува Танјуг.

Ова се првите парламентарни избори во Грција откако земјата ја заврши имплементацијата на трите последователни програми за помош од меѓународните кредитори, но, исто така, постигнат е и договор со Скопје за името Северна Македонија.

Премиерот Ципрас, лидер на некогаш маргинална партија, сега има 44 години и веќе е ветеран во грчката политика, на власт дојде во 2015 година, врз основа на ветувања дека ќе ги неутрализира драконските услови поставени до претходната влада во Атина а побарани од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Сепак, повеќето од она што го има направено во меѓувреме се коси со предизборните ветувања на Сириза од пред четири години. Така, Грција се согласи со мерките за штедење, на потчинети односи со Германија и другите клучни доверители, подобрување на воените односи со САД и постигнувањето на договор со Скопје за името Северна Македонија.

Противниците тврдат дека во меѓувреме, Грција натоварила нови долгови и сега повторно Сириза се враќа на старата приказна за недоверба кон Запад, која е направена од владеачката партија кога беше во опозиција.

Лидерот на конзервативците, Мицотакис, син на покојниот грчки премиер Константин Мицотакис, и покрај отпорот од фракционерите со кој се соочува во сопствената партија, 51-годишниот, кој е на чело на Нова демократија од 2016 година, во последните три години успеа во анкетите да добие значителна предност во однос на ривалите.

Дипломиран на Харвард во кампањата се насочи кон работниците, на промовирање подобра бизнис средина, намалување на даноците и модернизација на бирократскиот систем на Грција. Во меѓувреме Сириза ја обвини Нова Демократија дека ќе воведе седумдневна работна недела доколку дојде на власт.



Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?