Денеска турскиот суд носи судбоносна одлука за Аја Софија
Објавено во: Балкан 10 Јули, 2020
Турскиот суд денеска ќе ја донесе одлуката дали да ја претвори Аја Софија во џамија во Истанбул. Државниот совет - највисокото административно тело на Турција - рече дека ќе донесе пресуда во рок од 15 дена, по седницата што траеше само 17 минути во четвртокот.
Изградена во 6 век по нарачка на византискиот император Јустинијан Први, тоаа беше најголемата соборна црква во светот скоро 1.000 години.
Овој храм, кој е дел од светското културно наследство на УНЕСКО, беше претворена во џамија кога Османлиската Империја го окупира градот во 1453 година, но стана музеј во 1930-тите.
Може повторно да стане џамија ако судот го одобри овој потег, а доколку тоа се потврди се очекуваат негативни реакции во западниот свет, а сообено кај православните патријаршии.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на оваа промена за време на минатогодишниот предизборен митинг.