20 Април, 2024
0.0277

Денеска завршува стариот закон за СЈО, започнува да функционира новиот

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Од денеска престанува важноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство и на сила стапува новиот Закон за Јавното обвинителство, кој беше донесен во февруари годинава, пред распуштањето на парламентот.

Според членот 110 од законот, се предвидува прислушувани разговори да не можат да бидат основа за подигнување нови обвиненија, туку тие само да служат како индиции. Сите прислушувани разговори што не се предадени во Судот како докази или индиции во истраги, Законот предвидува да се уништат.

„Новото законско решение не значи скриена амнестија на определени сторители на кривични дела. Со Законот, за потребите на јавното обвинителство ќе се одвојуваат најмалку 0,4 отсто од буџетот на државата. Со Законот се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителите, бидејќи за избор во повисоко Јавно обвинителство сега услов е определен период јавниот обвинител да работел во пониското обвинителство. Значи ќе се почитува принципот на кариера“, вели Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител, за Дојче Веле.

Предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година продолжуваат да се извршуваат според старите законски правила, односно за истите аудио-снимките ќе може да послужат како докази.

Со новиот Закон е предвидено јавниот обвинител кој раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран од јавните обвинители на непосредни избори.



Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан