29 Март, 2024
0.3590

Денот на инвеститорите на НЛБ ги собра светските инвеститори, аналитичари, финансиски експерти и клучните бизнисмени од регионот

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

„Добредојдовте во нашиот дом, добредојдовте во регионот на можности“, беше клучната порака на првиот „Ден на инвеститорите“ на НЛБ д.д што се одржа вчера во Белград и кој привлече повеќе од 150 инвеститори од целиот свет, финансиски експерти, аналитичари, извршни директори на клучните компании од регионот, како што се:АтлантикГруп, МК Групација, Петрол, Фортенова, Алкалоид АД Скопје, Делта Холдинг, Комтрејд систем интегрејшн (Comtrade System Integration) и многу други кои ги пишуваат успешните приказни за овој регион.

НЛБ го започна патувањето за подигнување на свесноста и препознатливоста на регионот кај светските инвеститори со котација на акции на берзите во Љубљана и Лондон од ноември 2018 година, но денес нашата цел е поголема, објасни извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак, поздравувајќи ги гостите на настанот. „Покрај тоа што се претставивме себеси и нашите стратешки приоритети, поканивме и угледни говорници и панелисти да ги споделат со нас своите ставови, искуство и ентузијазам и да покажат дека нашиот регион навистина е полн со можности и тој, час поскоро ќе го добие заслуженото внимание и уште попродуктивни инвестиции, притоа задржувајќи ги нашите најталентирани луѓе овде“, објасни тој.

Меѓу другите на настанот се приклучија и главниот финансиски директор на Петрол, Матија Битенц, потпретседателот на МК Групацијата и член на Управниот одбор на банкарската групација АЕК Банкинг Груп (Australian Economic Consultants), Александар Костиќ; извршниот директор на Comtrade System Integration, Душан Милиќевиќ; извршниот директор на Фортенова, Фабрис Перушко; членот на Извршниот одбор на Делта Холдинг, Андреј Совровиќ; на Атлантик Групата Емил Тедески и извршниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов кои го споделија своето мислење за регионот на Југоисточна Европа како регион на можности.

„Докажуваме дека бизнисот ниту познава, ниту прифаќа граници, бидејќи ги собравме лидерите на некои од најзначајните бизниси од четири земји во регионот, кои делумно се и конкуренти. Искрено веруваме дека единствениот соодветен одговор на сè поголемиот јаз е поврзувањето и соработката“, нагласи извршниот директор на НЛБ.

Неговите размислувања ги повтори и Марко Чадеж, претседател на Трговско-индустриската комора на Србија, кој нагласи дека обединет регион може да направи чуда. Според него, регионалната соработка е адекватен одговор на идните предизвици. „Можеме да ја искористиме можноста за привлекување нови странски инвестиции на најдобар начин само ако работиме заедно, ако работиме како еден регион, една економија, како заеднички регионален пазар и единствена дестинација за инвестирање“, нагласи тој.

Претседателот на Трговско-индустриската комора на Србија ја истакна и важноста на меѓусебната поврзаност во економските интеграции, што е нешто што Ричард Гривсон, заменик директор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, исто така го гледа како одлична можност за регионот. Тој смета дека регионот на Југоисточна Европа е многу флексибилен и со голем потенцијал, особено во однос на пристапувањето во ЕУ.

НЛБ се приклучи на „Нулта банкарска алијанса“ (Zero Banking Alliance)

За време на првиот „Ден на инвеститорите“, Управниот одбор на НЛБ д.д. ги презентираше деловните резултати на НЛБ Групацијата од првиот квартал од 2022 година. Дополнително, НЛБ д.д.се приклучи на финансиската иницијатива на Програмата за животна средина на Обединетите нации, наречена- Нулта банкарска алијанса (United Nаtions Environment Programme Finance Initiative Net Zero Banking Alliance ) која обединува банки ширум светот чии активи претставуваат над 40% од глобалните банкарски средства, a кои се посветени на усогласување на нивните кредитни и инвестициски портфолија со нето-нула емисии до 2050 година.

Можеби ќе ве интересира

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ