24 Април, 2024
0.1701

Деребанов: Во последните 10 години имавме сезони кога губевме и 50 отсто од земјоделското производство, климатските промени се видливи

Објавено во: Македонија 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Климатските промени во Северна Македонија имаат големо влијание врз земјоделското производство, а последиците се видливи во последните десетина години. Никола Деребанов, генералниот директор на „Перминдекс“ истакнува дека климатските услови се многу променети, има дождови и суши во календарски периоди кои се непредвидливи, производството се намалува, па затоа мора да се преземат мерки за подобар менаџмент, зголемена свест, подобро управување со водните ресурси и намалување на нерационалното трошење на водата. Со Деребанов направивме интервју за предизвиците со кои се соочува земјоделството, како и тоа кои мерки ги преземаат за спречување на климатските промени и справување со последиците.

КлиматскиПромени: „Перминдекс" располага со разновидно портфолио производи: вино, сирење, кашкавал, земјоделски производи – овошје, зеленчук, житни култури. Долгогодишното искуство ви дава можност да се навратите наназад и да направите споредба на климатските услови низ годините. Па какво е вашето видување на климатските услови и колку тоа влијае врз приносот и квалитетот на вашето производство?

Деребанов: Климатските услови во овие 10 години се доста променети, тоа го зборувам од наше лично искуство, но истото мислење генерално се повторува и во дискусии со колеги со 30-40 годишно работно искуство во земјоделскиот сектор. Сите сме сведоци на тоа дека климата во оваа последна декада станува сѐ понепредвидлива, и е надвор од оние нормални услови на производство доколку споредиме со претходните декади. Во пракса тоа значи дека ние имаме екстремни климатски промени во различни периоди на вегетацијата на растенијата. Тоа значи дека се јавуваат нови дождливи периоди кои претходно не постоеле во тој календарски период, како и суши во периоди кога треба да имаме влага. Истовремено, се соочуваме и со ниски температури кои дополнително предизвикуваат големи штети во производството. Значи генерално се случуваат промени, во период во којшто не е типично да се јавуват.

Читајте повеќе на следниов линк: https://klimatskipromeni.mk/article/330?fbclid=IwAR2dLJgkZAh0DZfVNUSM3gVaVeBWsji_DM6rtqYlDcgLzncsykZr8GmSm58#/index/main

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката